ПРОТЕЧЕ ЗАПИСНИК ШТО ЌЕ СТОИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕБНИЦИ ЗА ЦАР САМОИЛ?! ЗА ЕДНО СЛИКАЊЕ ВО БРИСЕЛ КОМИСИЈАТА ЈА ПРОДАДЕ ИСТОРИЈАТА (ФОТО)

ПРОТЕЧЕ ЗАПИСНИК ШТО ЌЕ СТОИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕБНИЦИ ЗА ЦАР САМОИЛ?! ЗА ЕДНО СЛИКАЊЕ ВО БРИСЕЛ КОМИСИЈАТА ЈА ПРОДАДЕ ИСТОРИЈАТА (ФОТО)

Бугарскиот провокатор со фашистички идеи, Виктор Стојанов дел од бугарската Фондација Македонија на својот Фејсбук објави наводен дел од записникот на Заедничката комисија за историја со Бугарија.

Тој го објави заклучокот за Цар Самоил истакнувајќи дека наскоро македонските деца ова ќе го учат во историските читанки.

„Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, која што поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Таа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја која што ќе се споделува од двете современи држава Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете Влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство,“ стои во објавата на Стојанов за која тој тврди дека е дел од записникот на историската комисија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!