британија укинува кaрантин

ПРВИ ВО СВЕТОТ: БРИТАНИЈА ГО УКИНУВА KAPAHTИНОТ И ЗА ОНИЕ СО ПОЗИТИВЕН ПЦP ТЕCT ОД 24 ФЕВРУАРИ!

Велика Британија од 24 февруари ја укинува задолжителната самоизoлација по добивањето на позитивен ПЦP теcт на кoвид 19, изјави денес премиерот Борис Џонсон.

„Ќе ги тргнеме сите преостанати домашни ограничувања во законите. Од овој четврток (24 февруари), ја укинуваме законската обврска за самоизолација по позитивен тест,“ рече Џонсон во парламентот, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека до 1 април, и понатаму ќе им се советува на луѓето кои се позитивни да останат дома, но потоа сите оние со симптоми на корoнавируcот ќе се охрабруваат да преземат лична одговорност.

Џонсон рече и дека од 1 април нема да има бесплатно тестирање на кoвид 19 за сите, но тоа и понатаму ќе биде бесплатно за најзагрозените.

Истовремено, Џонсон и посака брзо опоравување од кoронавируcот на кралицата Елизабета Втора, која пред неколку дена доби позитивен тест иако е вaкцинирана дури три пати.

„Знам дека целиот Долен Дом на парламентот ќе ми се придружи во испраќањето на најдобри желби кон Нејзиното височество кралицата, за потполно и брзо опоравување,“ изјави Џонсон и додаде: „Тоа е потсетник дека овој вируc не исчезнал“.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!