putin gas

ПУТИН И ПОРАЧА НА ЕВРОПА: „АКО ВИ Е ТЕШКО И САКАТЕ ГАС, САМО ПРИТИСНЕТЕ ГО КОПЧЕТО“

Претседателот Владимир Путин негираше дека Русија има некаква врска со енергетската криза во Европа.

Тој рече дека ако Европската унија сака повеќе гас, треба да ги укине санкциите што го спречуваат отворањето на гасоводот Северен тек 2, пренесува Ројтерс.

Говорејќи пред новинарите по самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, Путин ја обвини за енергетската криза како што ја нарече „зелената агенда“ и инсистираше на тоа дека Русија ќе ги исполни своите енергетски обврски.

„Заклучокот е, ако имате желба, ако ви е толку тешко, само укинете ги санкциите за Северен тек 2, што е 55 милијарди кубни метри гас годишно. „Само притиснете го копчето и сè ќе оди“, рече Путин.

Северен тек 2, кој лежи на дното на Балтичкото Море речиси паралелно со Северен тек 1, беше изграден пред една година, но Германија одлучи да не продолжи со него само неколку дена пред Русија да испрати свои војници во Украина на 24 февруари.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!