putin ukraina

ПУТИН МУ ГИ СООПШТИ ТРИТЕ УСЛОВИ НА МАКРОН КОИ УКРАИНА МОРА БЕЗУСЛОВНО ДА ГИ ПРИФАТИ

Рускиот претседател Владимир Путин му соопштил на својот француски колега Емануел Макрон дека Москва е отворена за разговори со Киев, соопшти Кремљ.

„За време на долгиот телефонски разговор на иницијатива на француската страна, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа сериозна и значајна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата околу Украина“, се вели во соопштението.

Путин му рекол на Макрон дека решението на кризата во Украина е можно само ако безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, кои вклучуваат:

  • признавање на рускиот суверенитет над Крим.
  • демилитаризација и денацификација на украинската држава.
  • обезбедување на неутрален статус на Украина.

Претседателот на Франција во последните часови неколкупати разговарал со украинскиот лидер Володимир Зеленски, соопшти прес-службата на Елисејската палата.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!