vladimir putin za globalnata kriza

ПУТИН ПРЕДЛОЖИ НАЧИН ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ГЛОБАЛНАТА КРИЗА

Себичните обиди на Западот да го обвини целиот свет за сопствените грешки доведоа до глобална економска криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин како гостин преку видео врска на 14-от самит на БРИКС.

„Само врз основа на искрена и заемно корисна соработка е можно да се најде излез од оваа кризна ситуација која ја зафати глобалната економија преку непромислените и себични постапки на одредени земји“, рече Путин.

Рускиот лидер посочи дека денес, како никогаш досега, потребно е раководството на земјите од БРИКС за да се развие обединувачка политика за обликување на вистински мултиполарен систем на меѓудржавни односи, кој треба да се заснова на универзално признати норми, меѓународното право и клучните принципи на Повелбата на ОН.

Според Путин, земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) имаат огромен политички, економски, научен, технолошки и човечки потенцијал. Нивното влијание на глобалната арена расте секоја година, посочи тој.

„Русија е подготвена да продолжи да развива блиска повеќекратна интеракција со сите партнери на БРИКС и да придонесе за зајакнување на нејзината улога во меѓународните работи“, вети Путин.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!