путин запад империја на лагите

ПУТИН СВИКА СОСТАНОК ОКОЛУ САНКЦИИТЕ И ГО НАРЕЧЕ ЗАПАДОТ „ИМПЕРИЈА НА ЛАГИТЕ“! (ВИДЕО)

Русија конечно официјално ќе одговори на сѐ посуровите санкции од страна на „западните земји“, санкции кои вклучија речиси потполно затворање на воздушниот простор на Европа за руските авиони, но и санкции кои не смее да си ги дозволи еден т.н. „демократски свет“ – одбивање на руските спортски клубови да се натпреваруваат во европските натпреварувања, забрана за интонирање на руската химна на спортските мечеви, исфрлање на земјата од изборот за песна на Евровизија, и најстрашно – суспендирање на руските ТВ канали како Russia Today i Sputnik од операторите низ Европа, односно еклатантно кршење на слободата на говорот.

Исто така, освен тоа што е најавена хуманитарна помош за Украина, сега се погласно се заговара, па дури и потврдува и воена помош од НАТО-земјите, во вид на оружје, муниција, но дури и борбени авиони. Што е уште повчудоневидувачко, земјите на НАТО ги охрабруваат своите жители да се пријават како доброволци и да гинат во војната на страната на Украина.

Економските санкции за обичното руско население, преку исклучувањето на земјата од СВИФТ системот, потенцијално можат да бидат разорни.

Ова се само мал дел од мерките донесени од т.н. „демократски земји“.

Токму поради ова, рускиот претседател Владимир Путин, денес свика состанок на кој ќе се разговара околу овие санкции, кои, според неговите зборови, „империјата на лагите се обидува да ги реализира“.

На состанокот присуствуваат премиерот Михаил Мишустин, потпретседателот на владата, Андреј Белоусов, министерот за финансии Антон Силуанов, директорката на Централната Банка Елвира Набиулина и други.

Токму директорката на Руската Централна Банка, на состанокот ќе изјави дека „Рускиот систем за размена на финансиски пораки ќе го може да го замени СВИФТ. Финансиската структура ќе работи непречено.“

Заклучоците од состанокот, кој сѐ уште е во тек, ги очекуваме наскоро.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!