ПУТИН: ЗА ИСПОРАКИТЕ НА ГАС ВО НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПРИМАМЕ САМО РУБЉИ

ПУТИН: ЗА ИСПОРАКИТЕ НА ГАС ВО НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПРИМАМЕ САМО РУБЉИ

Русија планира да ја префрли продажбата на гас на „непријателските“ земји во рубљи, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на замрзнувањето на руските средства од страна на странски држави поради настаните во Украина, за кое рече дека ја уништило довербата на Москва.

Зависноста на европските земји од рускиот гас и другиот извоз е во центарот на вниманието откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари во, како што ја нарече, специјалната операција за деградирање на воените способности на соседот и искоренување на луѓето што ги нарече опасни националисти, вели Ројтерс.

„Русија, се разбира, ќе продолжи да снабдува природен гас во согласност со обемот и цените… фиксирани во претходно склучените договори“, рече Путин на состанокот со највисоките владини министри, кој беше пренесуван на телевизија.

„Промените ќе влијаат само на валутата на плаќање, која ќе биде сменета во руски рубљи“, рече тој.

Путин рече дека владата и централната банка имаат една недела да донесат решение за тоа како да се префрлат овие операции во руската валута и дека на гасниот гигант Газпром ќе му биде наредено да ги направи соодветните промени во договорите за гасот.

Според Газпром, 58 отсто од неговата продажба на природен гас во Европа и други земји заклучно со 27 јануари биле исплатени во евра. Американските долари учествувале со околу 39% од бруто-продажбите, а стерлингот со околу 3%.

Рускиот гас сочинува околу 40% од вкупната потрошувачка на гас во Европа.

„Треба да се создаде разбирлива и транспарентна процедура за плаќање за (сите странски купувачи), меѓу другото и заради стекнување на руски рубљи на нашиот домашен монетарен пазар“, рече Путин.

Русија подготви список на „непријателски“ земји, на кој се наоѓаат оние што воведоа санкции. Меѓу другото, договорите со компании и поединци од тие земји треба да бидат одобрени од владина комисија.

На листата земји се САД, земјите членки на Европската Унија, Велика Британија, Јапонија, Канада, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!