putin rouling

ПУТИН: ЗАПАДОТ ЈА САКА КУЛТУРАТА НА ПОНИШТУВАЊЕ, ЈА ОТКАЖАА Џ.К РОУЛИНГ, СЕГА САКАТ И РУСИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека Западот ја сака културата на поништување и дека забранувањето на руските писатели и книги за Русија, во која нема место за етничка нетрпеливост и каде со векови заедно живеат десетици различни етнички групи, е незамисливо.

Истакна дека Западот се труди да ја затрупа руската култура со откажувањето на делата на големите композитори Пјотр Илич Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахмањинов, и ги забранува руските писатели и нивните книги.

„Денес се обидуваат да ја поништат целата илјада години стара држава, нашите луѓе. Зборувам за прогресивната дискриминација на сè што е поврзано со Русија, за трендот кој се одвива во низа западни држави и со многу поддршка, понекогаш и со охрабрување од владејачките елити. Озлогласената култура на поништување се претвори во укинување на културата“, кажа Путин на состанокот со лауреатите на Претседателската награда за книжевност и уметност во Москва.

Путин наведе дека Џ.К. Роулинг (писателката на „Хари Потер“) е доказ дека Западот ја сака културата на поништување и во согласност со неа сега се однесува кон Русите. Ја спореди културата на поништување со нацистичкото палење на книги во триесеттите години од минатиот век.

„Последен пат нацистите во Германија, пред речиси 90 години, водеа таква кампања на уништување на една непожелна култура. Добро е што се сеќаваме на запалените книги на јавните места. Сега сакаат да ја поништат и Русија, руската култура“, кажа Путин.

Руските власти често во последниот месец, откако почна руската инвазија на Украина, го споредуваат Западот, кој го обвинуваат дека води русофобна кампања, со нацистичка Германија.

Големите спортски федерации и значајни културни места на Западот ги исклучија руските спортисти и уметници, а од програмите се отстрануваат и руските гости.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!