РАЦЕТЕ МУ СЕ КРВАВИ ДО ЛАКТОВИТЕ! ВО ИЗМИНАТАТА ГОДИНА ВО РЕГИОНОТ ТИГРАЈ ОД ГЛАД ПОЧИНАЛЕ 1.900 ДЕЦА! ТЕДРОС РАБОТЕЛ НА BAKЦИHИPAЊЕ НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ЕТИОПИЈА

РАЦЕТЕ МУ СЕ КРВАВИ ДО ЛАКТОВИТЕ! ВО ИЗМИНАТАТА ГОДИНА ВО РЕГИОНОТ ТИГРАЈ ОД ГЛАД ПОЧИНАЛЕ 1.900 ДЕЦА! ТЕДРОС РАБОТЕЛ НА BAKЦИHИPAЊЕ НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ЕТИОПИЈА

Информациите што се кријат во мејнстрим медиумите кај нас се поврзани со можни воени злосторства извршени од директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, не поради вaкцините и карaнтините, туку поради класично воено злосторство.

Тедрос беше еден од шефовите на службата за безбедност во Етиопија од 2013 до 2015 година, додека беше и министер за здравство од 2005 до 2012 година, а до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи.

Она што е важно за неговата служба е фактот што тој работеше и на отцепувањето на Тиграј, регион во Етиопија каде сѐ уште паѓаат глави како резултат на војната.

Војната што започна на 3 ноември 2020 година, чудно, во очи на самата пандемија, продолжува и денес, а последиците од оваа војна во која директно е вклучен овој човек кој сака да го вaкцинира и затвори целиот свет се неверојатно големи.

ПОВЕЌЕ ОД 1.900 МРТВИ ДЕЦА НА РАЦЕТЕ НА ТЕДРОС

Најмалку 1.900 деца помлади од пет години починале во изминатата година од неухранетост во регионот Тиграј во Етиопија за време на вооружени конфликти, покажа студијата спроведена од регионалните здравствени служби.

Смртните случаи на деца беа пријавени во здравствените установи низ Тиграј од јуни минатата година до 1 април оваа година, но Западен Тиграј, кој е контролиран од силите од соседниот регион Амхара, не е вклучен во студијата.

Лекар кој работел на студијата рече дека реалниот број на смртни случаи кај неухранетите деца е веројатно поголем бидејќи многу семејства не можеле да ги донесат своите деца во здравствените домови поради проблеми со транспортот.

– Бидејќи не можеме да пристапиме до повеќето области, не знаеме што се случува на ниво на целата заедница. Станува збор за смртни случаи кои успеавме да ги евидентираме во здравствените установи, но најголем дел од смртните случаи предизвикани од неухранетост останаа неевидентирани – изјави докторката која побара анонимност од страв од одмазда.

Тиграј е отсечен од остатокот од Етиопија од јуни минатата година, кога борците на Народниот ослободителен фронт на Тиграј (TPLF) повторно зазедоа голем дел од регионот по повлекувањето на сојузните сили.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!