РАЗОТКРИВАЊЕ НА ТЕОРИЈАТА НА ЗАГОВОР ДЕКА САД ГО УБИЛЕ ЛИДЕРОТ НА АЛ-КАЕДА ОД КИРГИСТАНСКА БАЗА

РАЗОТКРИВАЊЕ НА ТЕОРИЈАТА НА ЗАГОВОР ДЕКА САД ГО УБИЛЕ ЛИДЕРОТ НА АЛ-КАЕДА ОД КИРГИСТАНСКА БАЗА

Оваа интерпретација на настаните во кои се шпекулира дека COAS (Началник на Генералштабот на Пакистанската Армија) Бајва (Bajwa) одобрил американско беспилотно летало да лета низ пакистанскиот воздушен простор за да го убие шефот на Ал Каеда во соседен Авганистан како дел од неговите напори да обезбеди поддршка од администрацијата на Бајден за заем од ММФ е веројатно многу поверодостојна од онаа што шпекулира дека Русија одобри распоредување на најмалку едно американско нападно беспилотно летало на територијата на нејзиниот одбранбен сојузник Киргистан и покрај тоа што нејзиниот ривал (САД) во моментов води невидена прокси војна против неа во Украина.

Шефот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, беше убиен минатиот викенд од Америка во напад со беспилотно летало, кој наводно бил насочен кон неговото засолниште во авганистанската престолнина Кабул, што поттикна шпекулации за тоа како точно бил извршен овој напад кога САД веќе немаат никакви регионални бази. “Dawn”, најголемиот и најстар весник на англиски јазик во Пакистан, објави текст во кој се реферира на нецитирани американски извештаи и се тврди дека „Дронот што го погоди Ајман ал Завахири полета од Киргистан“. Ова се усогласува со она што го изјави извор од пакистанската влада запознаен со развојот на ситуација за Експрес Трибјун, уште еден од угледните медиуми во нивната земја, во однос на тоа дека Исламабад наводно нема „никаква улога“.

Сепак, тоа толкување на настаните нема кредибилитет. Киргистан е руски одбранбен сојузник преку ОДКБ (Организација на Договорот за Колективна Безбедност) и не е домаќин на американски сили од 2014 година. Понатаму, официјалната веб-страница на Кремљ на 20 декември 2011 година објави дека за време на состанокот на блоковскиот Совет за колективна безбедност меѓу шефовите на нејзините држави „Лидерите се согласија со консензус дека распоредувањето на воена инфраструктура на територијата на земјите-членки на ОДКБ од страна на не-членки на ОДКБ е можно само со задолжителна координација на ова прашање со сите членки на ОДКБ. Москва, во меѓувреме, се спротивстави на пријавените планови на Пентагон за распоредување сили на територијата на своите регионални сојузници по нивната евакуација од Авганистан.

Затоа, буквално е теорија на заговор да се тврди дека нападот со американско беспилотно летало со кој беше убиен Завахири во Авганистан дојде од територијата на членката на ОДКБ Киргистан, бидејќи тоа требаше однапред да биде одобрено од Русија, но сите извештаи на оваа тема докажуваат дека Москва постојано била против тоа нејзиниот ривал за прокси војна да распоредува какви било воени сили на територијата на своите сојузници. Имајќи го ова на ум, многу поверојатно е дека дронот прелетал низ пакистанскиот воздушен простор од американска база во Заливот токму како што многумина шпекулирале од очигледни причини и покрај тоа што Исламабад индиректно го негираше ова преку владиниот извор кој наводно зборувал за Express Tribune како што беше претходно наведено.

Доколку тоа беше случај, тогаш тоа би сугерирало дека пакистанската војска уште еднаш им направила услуга на своите американски сојузници со тоа што одобрила прелетување низ воздушниот простор на нивната земја, можеби во замена за некоја мрачна quid pro quo (услуга за услуга) која сè уште не е откриена, но можеби да биде поврзана со пријавените напори на началникот на армискиот штаб (COAS) Бајва да добие економска поддршка откако сè се сруши по екстремно непопуларниот постмодернистички удар против поранешниот премиер Кан. Човекот за кој многумина веруваат дека е де факто лидер на земјата во денешно време наводно штотуку побарал помош од САД за заем од ММФ, а исто така наводно штотуку им се обратил на пакистанските Емирати и Саудиските сојузници за помош.

Оваа интерпретација на настаните во кои се шпекулира дека Началниот на Генерлштабот Бајва одобрил американско беспилотно летало да лета низ пакистанскиот воздушен простор за да го убие шефот на Ал Каеда во соседен Авганистан како дел од неговите напори да обезбеди поддршка од администрацијата на Бајден за заем од ММФ е веројатно многу поверодостојна од онаа што шпекулира дека Русија одобри распоредување на најмалку едно американско нападно беспилотно летало на територијата на нејзиниот одбранбен сојузник Киргистан и покрај тоа што нејзиниот ривал (САД) во моментов води невидена прокси војна против неа во Украина. Се разбира, право на секој е да верува во што сака, но првоспоменатото толкување е веродостојно, додека второто е неспорно теорија на заговор.

Пишува: Andrew Korybko

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!