РЕЈТИНГОТ НА ПУТИН КАЈ РУСИТЕ СКОКНА ОТКАКО ЈА НАПАДНА УКРАИНА

РЕЈТИНГОТ НА ПУТИН КАЈ РУСИТЕ СКОКНА ОТКАКО ЈА НАПАДНА УКРАИНА

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин скокна за над 10 отсто поради неговата офанзива во соседна Украина, според анкетата на независната агенција Левада центар објавена во средата.

Осумдесет и три отсто од руските испитаници рекле дека ги одобруваат дејствата на Путин во март, рече Левада, што е зголемување од 71 отсто во февруари и 69 отсто во јануари.

Но експертите предупредуваат дека бројките можеби не се точен мерач на моменталното домашно расположение, бидејќи јавноста има тенденција да си ги поддржува лидерите во време на војна, вели Москва тајмс.

„Тие бројки само укажуваат дека земјата е во ситуација на војна и дека луѓето го разбираат ова – и испитаниците и оние што не се испитани“, изјави за Москва тајмс Грег Јудин, политиколог и експерт за анкети.

Скокот на рејтингот на Путин потсетува на 2014 година, кога московската анексија на Крим од Украина го вивна неговиот рејтинг на рекордни висини.

Директорот на Левада, Денис Волков, советува да не се прават паралели со 2014 година – кога рејтингот на Путин се искачи на највисоко ниво по анексијата на Крим.

„Условите денес се различни: самиот конфликт е поголем, што, теоретски, може да го зајакне рејтингот на властите, но економските последици ќе бидат позначајни“, рече Волков.

Повеќе од половина од испитаниците на Левада – 59% – рекле дека веруваат дека нивната земја „се движи во вистинската насока“, а уделот на оние што ги одобруваат активностите на Државната дума е зголемен од 47% на 59%.

Толку од анти-Путин расположението на рускиот народ кое ни го пласираат западните „мејнстрим“ медиуми.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!