римски клуб колапс на цивилизација

РИМСКИОТ КЛУБ И СТУДИЈА ЗА КОЛАПСОТ НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ НАСКОРО – ШТО ЌЕ НАПРАВИМЕ?!

Гаја Херингтон, советничка на Римскиот Клуб, ја анализира студијата на МИТ од 1972 година и предупредува дека наскоро би можело да дојде до колапс на нашата цивилизација. На состанокот на ОН за одржливост пред неколку години, службеникот за економска политика дојде до Гаја Херингтон и и се претстави. Земајќи го в предвид нејзиното име (Гаја е старогрчка персонификација на Земјата и “мајка на сето убаво на светот”), тој забележа: “Гаја – тоа не е име, тоа е одговорност,” имплицирајќи дека таа е судбински предодредена да се грижи за планетата и дека, на некој начин, треба да даде свој придонес за таа цел.

Херингтон, холандски истражувач и советник на Римскиот Клуб, доспеа на насловните страници последниве денови, откако напиша извештај, кој се чини дека покажа дека една контроверзна студија од 70-тите предвидела дека колапсот на цивилизацијата ќе се одвива во текот на 2020-тите и 2030-тите години, а во меѓувреме сме сведоци на т.н. пaндемија која влијае на промена на општествата на целата планета, а по неа ќе следат и неминовен економски колапс, како и наметнати мерки поради климатските промени.

Доаѓајќи сред низ алармантни еколошки настани, од пожарите на западниот на САД и Сибир, до германските поплави и извештаи кои сугерираат дека прашумата Амазон веќе нема да може да служи како филтратор на јаглеродот, Гаиниот извештај предвидува дека колапсот би можел да се случи околу 2040, доколку се одржат моменталните трендови.

Истражувањето на Херингтон само го потврди мрачното сценарио од значајната студија на МИТ од 1972 година, The Limits to Growth (Границите на Растот), која претстави различни исходи за тоа што би можело да се случи кога растот на индустриската цивилизација ќе се судри со ограничените ресурси.

Сега, со климатската криза која ја зголемува стапката на екстремни временски неприлики, Римскиот Клуб, издавач на оригиналниот документ на МИТ, повторно се враќа на истата студија.

“Од истражувачка перспектива, сметав дека проверката на податоците на еден повеќедецениски модел во однос на емпириските запазувања, би претставувала една интересна вежба,” вели Херингтон и за The Guardian додава: “Научниците од МИТ рекоа дека мораме да реагираме веднаш како би постигнале глатка транзиција и како би ги избегнале трошоците. Тоа не се случи, така што веќе го гледаме влијанието на климатските промени.”

По објавувањето, The Limits to Growth е испечатен во повеќе од 30 милиони примероци. Објавен е само 4 години по “Популациска бомба” на Пол Ерлих, која исто така предупредуваше на скор колапс на населението. Двете анализи доведоа до поттикнување на еколошките движења од тоа време, од Greenpeace до Earth First.

Анализите на Херингтон се поклопуваат со анализата од 1972 година, и тие покажуваат дека економскиот раст би можел да заврши на крајот на тековната деценија, а колапсот да дојде околу 10 години подоцна (според најцрното сценарио).

Тајмингот на Херингтоновиот документ се поклопува со напорите на владите ширум светот да го вратат земјоделството во вообичаениот раст по проблемите предизвикани од пaндемијата, и порај гласните предупредувања за тоа дека продолжувањето на економскиот раст сега е некомпатибилно со одржливоста.

Порано годинава, во дело насловено како Beyond Growth (Зад Растот), еден аналитичар јасно напиша: “Сред глобалното забавување и ризик од намален потенцијал на идниот раст поради климатските промени, општествените немири и геополитичката нестабилност, само некои одговорни лидери се соочуваат со можноста да растот во иднината биде ограничен. А само будалата трча по невозможното”.

И на крајот, конечно ќе си дозволам и едно мое кратко лично мислење.

Свесни сме дека крајот на цивилизација е во својата кулминација. Тој крај, парадоксално, се случува речиси без неизбежниот судир на цивилизациите, односно културните и религиските идентитети, за кој пишуваше познатиот Семјуел Хантингтон.

Овојпат нема судир помеѓу самите цивилизации, овојпат има судир помеѓу слободниот народ од сите цивилизации и глобалните елити, елити кој зад себе конторлираат армија на програмирани поединци, т.н. ботови кои фунцкионираат на инструкции добиени од еден друг сегмент на т.н. Нов Светски Поредок – конторлираните медиуми.

Свесни сме дека планетата е мета на најголемата деструкција во својата историја, свесни сме дека природата повеќе не е онаква каква што ја познаваме, но исто така сме и свесни дека сиве овие процеси се одигруваат плански, исценирано и сеопфатно во еден друг правец и со една друга цел – префрлување на вината на обичниот човек! Вина поради која ќе ни биде воведена т.н. јаглеродна валута, вина поради која ќе имаме рестрикции на струја, вина поради која ќе ги загубиме нашите основни и фундаментални човекови права (веќе загубивме најголем дел од нив), а елитите ќе добијат сѐ. Впрочем, Бил Гејтс не планира, туку веќе е најголемиот земјопоседник на планетава.

Сценариото кое вели дека проблемите (кои реално постојат, тоа можете да го почувствуваме сите и на својат кожа, само со вдишување на “чистиот” скопски воздух в зима) се последица на нашата немарност и неодговорност (да, тоа е истиот збор со кој не програмираат веќе 2 години), НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!

Сценариото според кое корпорациските мулинационални компании се “спасителот и бранителот” е веќе разоткриено.

Непријателот – знаеме кој е, а симнувањето на неговата маска е последниот чекор пред истиот да биде потполно уништен!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!