деца училишта одлука

РОДИТЕЛИ, ШТО ЧЕКАТЕ? НЕ СО НЕКАКВИ ПЕТИЦИИ, ТУКУ БАШ ВАКА СЕ УКИНУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО НОСЕЊЕ МАCKИ ЗА ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШТАТА! (ФОТО)

Група на родители од Мисури, САД, едноставно ги одведоа своите деца во училиште без маски. Толку. Просто и ефикасно.

На ова претходеше одлуката на јавниот обвинител Eric Schmidt, кој ги повика семејствата од државата Мисури, да ги пријават училиштата кои ги кршат одлуките на државата и продолжуваат да бараат задолжително носење маски за лице за децата. Во оваа американска држава, донесена е судска одлука дека носењето маски, односно присилувањето на носење маски е незаконско.

Eric Schmidt го објави ова претходно оваа недела.

Според судската пресуда, судијата Daniel Green подвлекува дека здравствените одлуки кои ги издале локалните здравствени власти во Мисури се незаконски и треба да бидат укинати. Тој, истовремено нареди сите постоечки здравствени одлуки да бидат прогласени за “ништовни и неважечки”.

Во писмото на Schmitt се бара од здравствените власти и училиштата да ги “укинат и да престанат со примена и објавување на одлуки за јавното здравје, носењето маски, прогласувањето на карантин и други одлуки кои неодамна се прогласени за ништовни”.

Така, во четвртокот, група на родители, заедно ги испратија своите деца во училиште каде е задолжително носењето на маски за лице, без нив!

На овие родители им е доста од тиранијата.

И знаеме дека ова е поткрепено со судска одлука, но имајќи го в предвид сложениот систем во САД и актите на претседателот Бајден за задолжително носење на маска, овие родители храбро преземаат чекор кој може да доведе до последици, но овие родители покажуваат и дека здравјето на нивните деца е секогаш на прво место.

Замислете што ќе се случи доколку сите наши родители се соберат и ги одведат своите деца во училиште без маски!

Некогаш не е потребно да чекаме милост од немилосрдната власт, некогаш некакви петиции не се доволни, некогаш работите треба да се земат во свои раце…

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!