РУСИЈА ГИ НАПУШТА СЗО И СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА?!

РУСИЈА ГИ НАПУШТА СЗО И СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА?!

Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.

„Министерството достави до Државната Дума список на договори кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат“, изјави Толстој.

Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа, и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“.

Про-Кремљ партијата Единствена Русија има двотретинско мнозинство во рускиот парламент, а сите закони донесени по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, беа донесени речиси едногласно, потсетува Бета.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!