РУСИЈА: ЌЕ ГИ РАСПОРЕДИМЕ РАКЕТИТЕ „САТАНА 2“

РУСИЈА: ЌЕ ГИ РАСПОРЕДИМЕ РАКЕТИТЕ „САТАНА 2“

Русија објави дека до есен планира да ги распореди своите нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат”, или на Западот познати како „Сатана 2“, способни за нуклеарни напади врз Соединетите држави.

Оваа цел откриена од Дмитриј Рогозин шеф на вселенската агенција Роскосмос, е амбициозна затоа што Русија го објави своето прво пробно лансирање на ракетата дури во средата, а западните воени експерти велат дека ќе бидат потребни повеќе тестирања пред да биде распоредена ракетата.

Сармат може да носи 10 или повеќе нуклеарни боеви глави кои можат да гаѓаат цели на илјадници милји далечина во САД или Европа. По долгогодишно одложување поради финансиски и технички проблеми тестот оваа недела покажува демонстрација на сила на Русија во екот на војната во Украина која ги доведе тензиите со САД и нивните сојузници на највисоко ниво од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Во интервју за руската државна телевизија Рогозин рече дека ракетите ќе бидат распоредени во регионот Краснојарск во Сибир, на околу 3.000 километри источно од Москва. Тој рече дека тие ќе бидат поставени на истите места и во истите силоси како ракетите „Војводи“ од советската ера, кои се заменуваат со ракети „Сармат“, додавајќи дека тоа ќе заштеди „колосални ресурси и време“.

Стравувањата на Западот од заканата од нуклеарна војна се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина на 24 февруари со говор во кој тој се осврна на нуклеарните сили на Москва предупредувајќи дека секој обид да се запре патот на Русија „ќе доведе до последици што никогаш не сте ги сретнале во вашата историја“.

„Изгледите за нуклеарен конфликт, некогаш незамисливи, сега се повторно возможни“, рече во март генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета, а Русија се очекува да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави, според Конгресната служба за истражување на САД. Ракетата се развива со години и нејзиното пробно лансирање не е изненадување за Западот, но се случи во време на екстремни геополитички тензии поради руската војна во Украина и секако претставува не само демонстрација на моќта на Русија, туку и закана за Западот.

Во секој случај, ова е најмоќниот проектил што Путин сега ќе го има на располагање, а тоа и самиот јасно го кажа по лансирањето.

„Ова навистина уникатно оружје ќе го зајакне борбениот потенцијал на нашите вооружени сили, ќе ја гарантира безбедноста на Русија од надворешни закани и ќе ги натера да размислат оние кои се обидуваат да ѝ се закануваат на нашата земја во жарот на избезумена агресивна реторика“, додаде тој.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!