finska gas

РУСИЈА ОВАА НЕДЕЛА БИ МОЖЕЛА ДА ЈА ПРЕКИНЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС ЗА ФИНСКА

Русија може да ја прекине испораката на гас за Финска оваа недела поради барањето на Москва да го плати гасот во рубли и поради желбата на Хелсинки да се приклучи на НАТО, објави денеска финскиот државен снабдувач со гас Гасум.

Во соопштението, Гасум рече дека не добил никакви информации во врска со прекинот на испораката на гас од руската компанија Гаспром експорт или руската компанија за пренос на гас, но дека се во тек подготовките во случај Москва да го исклучи гасот доцна петок или сабота.

„Гасум ќе продолжи да се подготвува за кризата заедно со своите клиенти и со националните власти одговорни за итни набавки“, се вели во соопштението.

Извозот на руски гас во Финска од 1 јануари до 16 март годинава во просек изнесувал околу 3,2 милиони кубни метри дневно.

Минатиот петок Финскиот комитет за вонредни состојби објави дека е подготвен да се справи со проблемите во случај Русија да го прекине снабдувањето со природен гас.

Финска увезува најголем дел од својот гас од соседна Русија, но гасот сочинува само околу пет отсто од нејзината годишна потрошувачка на енергија, наведува британската агенција.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!