РУСИЈА ПРИЗНА ДЕКА ЗА ПРВПАТ УПОТРЕБИЛА „НЕПОБЕДЛИВО ОРУЖЈЕ“: КАКО ФУНКЦИОНИРААТ ХИПЕРСОНИЧНИТЕ РАКЕТИ?! (ВИДЕО)

РУСИЈА ПРИЗНА ДЕКА ЗА ПРВПАТ УПОТРЕБИЛА „НЕПОБЕДЛИВО ОРУЖЈЕ“: КАКО ФУНКЦИОНИРААТ ХИПЕРСОНИЧНИТЕ РАКЕТИ?! (ВИДЕО)

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија со хиперсонично оружје уништила голем украински подземен склад за ракети и муниција за авиони во регионот Ивано-Франковск, објавија западните медиуми.

Министерството, исто така, соопшти дека се уништени украинско воено радио и извидувачки центри во близина на Одеса со помош на крајбрежен ракетен систем.

„Авијацискиот ракетен комплекс „Кинжал“ со хиперсонични аеробалистички ракети уништи големо подземно складиште на проектили и авијациска муниција на украинските сили во селото Дељатин,“ изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Западните медиуми додаваат дека не можат независно да го потврдат соопштението на Министерството за одбрана на Русија. 

Инаку, Русија досега не призна дека користела хиперсонични ракети во борба.

Станува збор за балистички ракети кои можат да летаат во горниот дел од атмосферата пет пати побрзо од брзината на звукот.

Според руската војска, ракетниот систем што се користи во нападот е способен да цели на растојание од повеќе од 2.000 километри и може да ги совлада сите постоечки системи за воздушна и ракетна одбрана, велат од руската војска.

Непотврдено видео од употребата на хиперсонично оружје во Украина:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!