РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ВО ЦРНОТО МОРЕ ПЛОВАТ СТОТИЦИ УКРАИНСКИ МИНИ, УКРАИНА НЕГИРА, ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ВО ЦРНОТО МОРЕ ПЛОВАТ СТОТИЦИ УКРАИНСКИ МИНИ, УКРАИНА НЕГИРА, ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Главната руска разузнавачка агенција објави дека неколку стотици мини отпловиле во Црното Море откако се откачиле од јажињата во близина на украинските пристаништа, тврдење кое Украина го отфрла како дезинформација и обид да се затворат делови од морето.

Црното Море е важен трговски пат за житариците, маслото и други производи. Пристанишната управа Новоросиск порача дека е загрозен превозот во западниот дел на Црното Море.

„Поради невреме, јажињата со кои биле врзани мините испукале“, соопшти Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ), наследникот на советски КГБ. „Поради ветерот и водените струи, мините слободно пловат во западниот дел од Црното Море“.

ФСБ тврди дека се ослободиле 420 мини и додава дека мините биле поставени од украинските воени сили. Украина кажа дека предупредувањето на ФСБ е погрешно и дека немаат никакви информации за какви било мини во морето.

„Ова се целосни дезинформации од руска страна“, кажа Виктор Вишнов, заменик шефот на украинската државна поморска управа. „Ова е направено да се оправда затворањето на оние делови од Црното Море кои се под наводна опасност од мини“.

Украинската морнарица кажа дека нејзина должност е да информира за безбедносните предупредувања за својот дел од Црното Море и дека предупредувањето на Москва е „обид за информациско пиратство“.

Во меѓувреме воената морнарица на Турција издаде предупредување за бродовите кои ги користат теснеците Дарданели и Босфор поради мините кои пловат во Црното Море.

Како што е наведено во предупредувањето, тие се наоѓале во близина на пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, но избегале од контрола поради искинати јажиња.

„Важно е сите бродови во околина да обратат внимание на пловечките мини. Се бара од бродовите во околината веднаш да пријават доколку забележат каква било пловечка мина или објект сличен на мина“, се наведува во соопштението.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!