РУСИЈА ВОВЕДУВА САНКЦИИ ЗА НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ ЗЕМЈИ ВО ОБЛАСТИТЕ ФИНАНСИИ, ГОРИВА И ЕНЕРГЕТИКА

РУСИЈА ВОВЕДУВА САНКЦИИ ЗА НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ ЗЕМЈИ ВО ОБЛАСТИТЕ ФИНАНСИИ, ГОРИВА И ЕНЕРГЕТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на посебни економски мерки во областа на финансиите, горивото и енергетиката поради непријателските дејствија на некои странски земји и меѓународни организации.

Според информациите, декретот забранува цела серија трансакции со учество на странци од непријателски земји во бројни руски компании и проекти до 31 декември 2022 година.

Ограничувањето се однесува на трансакции со хартии од вредност, кои се составен дел од основачкиот капитал на тие организации, како и права и обврски, учества и договори врз основа на кои се спроведуваат инвестициски проекти во Русија.

Забраната опфаќа и трансакции со акции на компании и руски банки кои се од стратешко значење за Русија, како и со учество, права и обврски во проектот за нафта и гас „Сахалин 1“.

Ограничувањето се однесува и на Договорот за истражување и производство на нафта на полето Харјагин.

Дополнително, се соопштува дека рускиот лидер и дал на Владата 10 дена да подготви список на компании од енергетскиот и банкарскиот сектор, на кои им е забрането да склучуваат зделки со странци од непријателски земји.

Соодветната уредба беше објавена на официјалниот портал за правни информации.

По почетокот на руската специјална операција во Украина на 24 февруари, голем број западни земји воведоа санкции кон Русија. Како одговор, Москва воведе реципрочни мерки против соодветните земји.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!