РУСКАТА ОПЕРАЦИЈА ЌЕ ОТКРИЕ ПОВЕЌЕ ГРДИ ФАКТИ - СМЕШНО Е ДА СЕ НЕГИРААТ АМЕРИКАНСКИТЕ ЛАБОРАТОРИИ ВО УКРАИНА

РУСКАТА ОПЕРАЦИЈА ЌЕ ОТКРИЕ ПОВЕЌЕ ГРДИ ФАКТИ – СМЕШНО Е ДА СЕ НЕГИРААТ АМЕРИКАНСКИТЕ ЛАБОРАТОРИИ ВО УКРАИНА

„Ако можете да го побиете она што го изнесовме, направете го тоа. Но, престанете да нè обвинувате дека неосновано се занимаваме со пропаганда, затоа што презентиравме конкретни факти,“ изјави рускиот дипломат Василиј Небензја.

Руската специјална операција во Украина ќе открие уште повеќе грди факти, како оние за американската воено-биолошка активност на постсоветскиот простор, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.

– Западот совршено добро разбира дека, како што продолжуваат борбите и се намалува потенцијалот на украинската армија, позициите на властите во Киев ќе ослабат, но тие сакаат да ги задржат тие позиции по секоја цена. Второ, тие совршено добро разбираат дека откако ќе се постигнат целите на специјалната воена операција, на површина ќе излезат многу грди факти, кои досега се чуваа во тајност, не само за воено-биолошките активности, туку и за многу други работи – истакна Небензја во интервју за телевизијата Росија-1, објави ТАСС.

Според рускиот дипломат, смешно е да се прават обиди за негирање на американската воено-биолошка активност во Украина, велејќи дека Обединетите нации не го потврдуваат тоа.

– Тоа е смешно бидејќи воено-биолошкиот развој е априори тајна. Оние кои се занимаваат со такви активности никогаш не поднесуваат извештаи никому – вклучително и САД, објасни рускиот претставник во ОН.

Тој ги повика западните земји и Украина да престанат неосновано да ја обвинуваат Москва за пропаганда.

Според него, доколку тврдат дека информациите на Русија се неточни, треба да дадат докази за своите тврдења.

– Ако можете да го побиете она што го изнесовме, направете го тоа. Но, престанете да нè обвинувате дека неосновано се занимаваме со пропаганда, затоа што презентиравме конкретни факти – нагласи Небензја.

Извор: МИА

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!