twitter

РУСКИОТ СУД ГО КАЗНИ ТВИТЕР СО 3 МИЛИОНИ РУБЉИ! ГУГЛ ДОБИ ИСТА КАЗНА

Рускиот суд ги казни американските интернет гиганти Гугл и Твитер со по 41.000 долари (три милиони рубљи) затоа што одбија да ја отстранат забранетата содржина, објави во четвртокот новинската агенција Интерфакс.

Казната е изречена откако Твитер не ја избриша содржината забранета во Русија, вклучително и објавите со упатства како да се направат молотови коктели, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на судот.

Овие објави беа споделени на Твитер пред Илон Маск да ја купи оваа социјална мрежа.

Претходно Интерфакс објави дека Русија го казнила американскиот интернет гигант Гугл со иста сума поради одбивањето да ја отстрани забранетата содржина на видео платформата Јутјуб.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!