РУСКИТЕ ВЛАСТИ ПРОМОВИРААТ АПЛИКАЦИЈА КОЈА СЕГА ТАМУ ИМА ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ ОД ВАТСАП

РУСКИТЕ ВЛАСТИ ПРОМОВИРААТ АПЛИКАЦИЈА КОЈА СЕГА ТАМУ ИМА ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ ОД ВАТСАП

Телеграм во Русија го надмина Ватсап по број на корисници и стана најпопуларната платформа за инстант комуникација, објави денеска руската телекомуникациска компанија Мегафон. Сопственикот на Ватсап, Мета платформс е на суд во Русија под обвинение дека е „екстремистичка организација”, па властите активно ја промовираат апликацијата Телеграм откако ги забранија странските платформи како Фејсбук, Инстаграм и Твитер.

Воената операција на Русија во Украина дополнително ги влоши постоечките спорови меѓу странските технолошки компании и Москва. Мегафон, еден од четирите најголеми руски телеоператори, објави анализа на мобилниот интернет сообраќај, која покажува дека уделот на Телеграм пораснал на 63 отсто во првите две недели од март од 48 отсто колку што изнесувал во истиот период во февруари.

Уделот на Ватсап падна од 48 на 32 отсто, соопшти Мегафон. Просечниот корисник на Телеграм трошел 101 мегабајти податоци дневно наспроти 26 на Ватсап. Телеграм е основан од Русинот Павел Дуров и оваа апликација долго време е популарна платформа за информирање на Русите. Скоро сите поголеми медиуми, владини агенции и јавни личности имаат свои канали на таа мрежа.

Неговата популарност „порасна по ограничувањата за пристап до други апликации за комуникација и социјални мрежи“, објави Мегафон, додавајќи дека растот на бројот на корисници се забележува од 24 февруари, денот кога Русија ја започна инвазијата на Украина.

Следете не и нас на Телеграм!

https://t.me/kolovrtcom

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!