belata kuka

САД СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ИНДИЈА ДА НЕ ЈА ПОДДРЖУВА РУСИЈА

Соединетите Американски Држави ја предупредија Индија да не биде премногу близок партнер со Русија по нејзината инвазија врз Украина.

„Нашата порака до индиската Влада е дека доколку Индија ја поддржи Русија, санкциите и последиците од нив ќе бидат значајни и долгорочни“, изјави Брајан Диз, директор на Националниот економски совет на Белата куќа.

„Сигурно има области каде што сме разочарани, како од одлуките на Кина така и на Индија во контекст на инвазијата“, додаде тој.

Индија одбива да воведе санкции кон Русија. Инаку, се смета дека таа е најголем увозник на оружје од руско производство.

Американскиот заменик-советник за национална безбедност, Далип Синг, минатата седмица беше во официјална посета на Индија, при која исто така инсистираше Њу Делхи да не го забрзува ниту зголемува увозот енергенси и други стоки од Русија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!