САД СОЗДАВААТ НЕДОСТИГ ОД ДОЛАРИ ИСТО КАКО ШТО РУСИЈА СОЗДАВА НЕДОСТИГ ОД НАФТА, ГАС И ЖИТО

САД СОЗДАВААТ НЕДОСТИГ ОД ДОЛАРИ ИСТО КАКО ШТО РУСИЈА СОЗДАВА НЕДОСТИГ ОД НАФТА, ГАС И ЖИТО

Од Ерик Питерс, ЦИО Главен Инвестиционен Менаџер на фондот One River Asset Management

„Мораме да ги намалиме приходите на Русија што Путин ги користи за финансирање на оваа страшна војна“, рече шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, разговарајќи за предлогот за ограничување на цената на рускиот гас.

Не постојат лесни решенија за енергетската криза во Европа, само низа неоптимални исходи, од кои секоја носи непознати трошоци во свет кој станува сè понеизвесен.

Донесувањето тешки одлуки е секогаш тешко и сите инволвирани ги изложува на несакани последици. Но, во свет кој се движи кон уште поголема економска интеграција, ризикот од неочекувано лоши исходи е помал отколку во периоди на конфликти, поделби, деглобализација.

Причината за ова е прашање на доверба. Кога веруваме дека сите ние сме конкуренти кои се стремат кон поголем удел во попросперитетна заедничка иднина, цената на погрешните проценки и недоразбирањата е релативно пониска отколку во свет исполнет со вистински и перцепирани противници кои го очекуваат најлошото еден од друг.

Ние нема да снабдуваме гас, нафта, јаглен, нафта за греење – нема да снабдуваме ништо“, рече Путин како одговор на изјавата на Урсула. Во последниве години, можноста да се манифестираат такви страшни исходи се сметаше како чиста глупост. Но, тие невини времиња поминаа, можеби и нема да се вратат со децении. Јапонците продолжија да ги ограничуваат приносите на државните обврзници, интервенирајќи на пазарите за да ги монетизираат нивните огромни долгови. Јапонскиот Јен ги продолжи своите драматични загуби додека пазарите се подготвуваат за уште едно зголемување на каматните стапки од 0.75% од страна на Федералната Банка на САД.

САД природно го прават она што го сметаат за нивен национален интерес, создавајќи недостиг на долари, исто како што тоа го прави Русија во нафта и гас, жито и вештачко ѓубриво (можеби наскоро ќе трпиме и недостаток на тајвански силиконски чипови).

Без обилна и растечка понуда на долари, глобалната економија се распаѓа, а со тоа и глобалните финансиски пазари. Тогаш работите почнуваат да пукаат по шавови.

Во помирни времиња, Американците ретко ја прилагодуваа внатрешната политика за да им помогнат на странците додека прекуокеанскиот проблем не им дојде на нивниот брег, дома. И сега ни останува да се прашуваме како ќе се носат такви одлуки во свет без доверба.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!