ШАНГАЈ: РЕКОРДЕН БРОЈ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД KOBИД 19 И ПОКРАЈ НАЈБРУТАЛНИТЕ МЕРКИ ВО ИСТОРИЈАТА!

ШАНГАЈ: РЕКОРДЕН БРОЈ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД KOBИД 19 И ПОКРАЈ НАЈБРУТАЛНИТЕ МЕРКИ ВО ИСТОРИЈАТА!

Како што се одолговлекува пандемијата на KOBИД во Шангај, градот пријавил најголем број дневни смртни случаи од кoронавируcот досега (барем според нивните официјални бројки), а Кина продолжува да се придржува до својата политика „нулта KOBИД“ и најбруталните мерки на заклучување во историјата и ставање на своите граѓани во т.н. кoвид логори.

Градот забележа 39 смртни случаи во саботата, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со вируcот се искачи на 87 од крајот на февруари, според извештајот на здравствената комисија во Шангај во неделата. Просечната возраст на починатите е 78,7 години и сите имале и други истовремени болести, се вели во извештајот.

Што се однесува до бројот на случаи, градот броел 21.058 нови случаи на KOBИД, од кои огромното мнозинство биле благи или асимптоматски, соопшти комисијата. Претходниот ден, градот пријави 23.370 нови локални случаи и 12 смртни случаи.

Финансискиот центар на Кина влегува во својата четврта недела на строго затворање, додека луѓето кои живеат во источниот дел на градот се уште подолго затворени во своите домови. Разочарувањето кај жителите расте поради недостигот до храна или медицинска нега, лошиот квалитет на владините оброци и локацијата на карантинските центри, но и новиот метод што го користат кинеските власти за оградување на влезот во зградата со жица и поставување аларми на влезот за да го спречат движењето на граѓаните.

Општинската влада на Шангај објави дека од петок ќе усвои план од девет точки за да ја постигне својата цел – Нулта KOBИД. Соопштението ги намали надежите дека ограничувањата постепено ќе се ублажат во наредните недели.

Властите ветија дека строго ќе ги спроведуваат правилата, вклучително и обезбедување на луѓето да не ги напуштаат своите домови во забранетите области.

Мерките за изолација го поттикнаа опколеното население во Шангај сè повеќе да се спротивставува на владините мерки, вклучувајќи и видео документарец објавен минатата недела кој ги преплави социјалните мрежи, покажувајќи го влијанието на речиси еден месец изолација, најдолгата било каде во Кина од крајот на првичното затворање на Вухан кон крајот на пролетта 2020 година.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!