јанаки митровски

СЕ ЈАВИ АДВОКАТСКАТА ФЕЛА: “МЕРКИТЕ СЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ, НЕУСТАВНИ И НЕЗАКОНСКИ! ВРАБОТЕНИТЕ МОЖАТ ДА ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА!”

Македонската јавност, по сѐ излгеда, сеуште не може да се соземе од шокот кој го предизвикаа новите предложени дискриминаторски мерки од страна на Комисијата за заразни болести, па иако револтот како никогаш досега е огромен, сеуште недоставува вистинска реакција на оние 60% од народот кој се под присила едноставно да бидат доведени на “питачки стап”.

По вчерашната жестока изјава на д-р Никола Пановски, кој меѓу другото, рече дека “новите мерки се луди и немаат здравствена логика, а целта е присилна вакцинација”, денес конечно сме сведоци и на коментар од оние кои навистина и практично можат да му помогнат на обичниот човек да се избори за својата слобода, адвокатите.

Во изјава за порталот Инфомакс, познатиот адвокат Јанаки Митровски најпрвин ќе соопшти дали мерките на Филипче се косат со Уставот и законите на РМ:

“Нашиот Устав подразбира можност основните права со исклучок на правото на живот, забрана за мачење, слобода на мисла и изразување како и слободата на вероисповест да се ограничат во време на воена и вонредна состојба, но тоа не смее да биде врз база на дискриминација. Новиот Закон за заштита од дискриминација во член пет како дискриминаторски основи ги предвидел и здравствената состојба, политичко и друго уверување, и токму од тие причини најавените мерки се супер дискриминаторски, и со тоа неуставни.”

Понатаму, за истиот медиум, Митровски се осврнува и на можноста граѓаните да ја тужат државата, но го дава и своето мислење околу одлуката на судовите, за кои потенцира дека се плашат да судат против државата:

“По однос на прашањето дали ќе имаат вработените во администрација можност да ја тужат државата одговорот е формално да, но во пракса не. Би можеле да бараат судска заштита поради дискриминација по дискриминатроски основ, политичко или друго уверување, но нашите судови, ова одговорно го тврдам, се плашат да судат против државата, особено на вака сензитивна тема.”

“Секому му е јасно дека целта е присилна вакцинација. А зашто две третини од граѓаните не сакаат да се вакцинираат е јасно- недоверба во системот. Ниту е прва ниту последна вакцина, но е прв случај на ваква кампања на страв и интимидација,” завршува адвокатот Јанаки Митровски.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom