СЕ ОБИДОА ДА НЕ УНИШТАТ, НО ЈА ИСПУШТИЈА ШАНСАТА И СЕГА НЕ СЕ СВЕСНИ ШТО ГИ ЧЕКА!!!

СЕ ОБИДОА ДА НЕ УНИШТАТ, НО ЈА ИСПУШТИЈА ШАНСАТА И СЕГА НЕ СЕ СВЕСНИ ШТО ГИ ЧЕКА!!!

Иако сѐ започна како нов, обичен технички проблем на каков сум веќе навикнат, како минуваше времето сфатив дека се работи за нешто друго, се работи за нешто многу побрутално, нешто што не би го очекувал ни на во најстрашната ноќна мора – ОБИД ЗА ЗАМОЛКНУВАЊЕ НА КОЛОВРТ, ОБИД ЗА ЗАМОЛКНУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА!

И веќе бев свесен дека сум толку лесна мета, сосема ми беше јасно дека наспроти мојата „сиромашна“ заштита од неколку десетици евра имам машинерија која чини десетици ИЛЈАДИ од истата валута… Машинерија чиј жесток напад со квалитетен компјутерски вирус ја урна оваа веб-страница…

И бев лут, бев лут затоа што речиси никој ниту претходно, а ниту сега не ги чу моите апели, не да ми се помогне мене, не да му се помогне дури ни на Коловрт, туку да и се помогне исклучиво на вистината… Да се помогне единствено за „заштитните ѕидови“ на оваа веб-страница да бидат дополнително засилени….

А кога ја играте играта на нивниот начин, на нивните мрежи, според нивните правила, вие едноставно морате да бидете подготвени да изгорите, затоа што да изгорите во оваа игра е и тоа како неминовно. Но, можеби ќе знаете како да се дигнете од пепелта…

И можеби не бев толку лут, повеќе бев разочаран, па го споделив следниот Фејсбук статус зад кој сѐ уште 100-процентно стојам:

„Фрчат пораки дека ми е блокирана страната, фрчи загриженост дека имам притисоци, дека “сатанистите” ме избришале и сл…

НЕ, другари, овојпат сте ВИЕ виновните…

И не, не ми го хакнале профилов, затоа што сигурно помислувате на тоа додека ги читате редовиве……

Сега кога сите сте погодени затоа што нема друг вебсајт и друга ваква “будала” ко мене да ги штити ВАШИТЕ интереси, веднаш ви се пали црвената сијаличка 🙂

Арно ама, кога мене некој ме обележува, етикетира, кога повикуваат да бидам УАПСЕН и на мене се става ЦРВЕН ИКС засекогаш, вие не сте засегнати, секако…И знаете што, тука и ве оправдувам❗

Тоа е патот што сум го избрал самиот и од тоа нема бегање…Нешто друго ме боли многу повеќе…

Ме БОЛИ многу повеќе што секој ден илјадници луѓе го читаат мојот вебсајт, аплаудираат, пишуваат пораки на поддршка, задоволни се што некој работи за НИВ, за разлика од останатите вебсајтови, нели, ама НИКАКО, баш никако не го гледаат она мало зборченце на крајот на СЕКОЈА статија, а тоа е – ПОМОГНИ СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА❗❗❗

Епа, другари, токму таа ваша ПОМОШ, односно НЕпомош доведе до тоа сајтот денеска да не функционира. Вашето НЕделување доведе до тоа јас да не успејам да купам ниту малку посоодветен т.н. “хостинг” за вебсајтот…

И сега мојов, најевтиниов на цел свет, едноставно си “падна”…И може да се оправи за 3 часа, а може и за 3 дена, пошто “Колку пари, толку музика, другари” 😉

И секако дека никогаш не побарав, ниту барам СЕКОЈ ОД ВАС да донира, па знаеме каде живееме, како преживуваме ден за ден и како едвај поминуваме крај со крај ❗

Ама има од вас и некои малку поинакви, другари, има над 20% од вас кои не живеат во државичево наше…

И, внимавајте, НИТУ ОД ВАС НИКОГАШ НИШТО НЕ СУМ ОЧЕКУВАЛ❗

— Очекував само некој мал гест, очекував барем да се обидете да се поврзете со некои, некои ПОГОЛЕМИ од вас, некои кои можеби би сакале да помогнат…

— Очекував дека имате (а сигурно имате❗) некакви линкови со компании кои можеби би сакале да се рекламираат на мојот вебсајт, но не, НИШТО од тоа…

— А, искрено очекував и некаква симболична поддршка од малку помалку моќните од вас…

ЕПА, ТОА Е ТОА, ДРУГАРИ, ЈАС СЕ ИЗВИНУВАМ АМА ГОДИНА И ПОЛОВИНА НЕ САМО ШТО ИЗГУБИВ ВРЕМЕ, ИЗГУБИВ НЕРВИ, ТУКУ ИЗГУБИВ И ПАРИ БОРЕЈЌИ СЕ ЗА СИТЕ НАС ЗАЕДНО❗

ПС: Се извинувам на исклучоците на кои не се однесува овој пост и кои барем се обиделе да помогнат колку и како умеат❗

ППС: Ако некому не му се допаѓа ова мое обраќање, има копче “Unfriend” или “Unfollow”, ве охрабрувам да го кликнете❗

Еве ви срце сепак ❤️

Но, се случи нешто…

Откако дел од ВАС, луѓето за чие добро работам речиси 2 години ме нарековте „БАРАЧ НА СПОНЗОРИ“, едноставно ми олесна…

… За миг ИСЧЕЗНАА луѓето кои не дека не ми мислеле добро мене лично, туку луѓето кои никогаш не и мислеле ништо добро на оваа борба, луѓе кои ВООПШТО НЕ СЕ ИЛИ САМИТЕ СИ СЕ ЛАЖАТ дека се „ПРОБУДЕНИ“…

И потоа брановите започнаа да ги исфрлаат „бисерите“ на површината!

Започнаа да се јавуваат луѓе кои сакаат некако да помогнат, сакаат како можат и умеат да придонесат кон НАШАТА ЗАЕДНИЧКА БОРБА!

И не, не се работи за средства со кои конечно ќе можеме да стигнеме на рамниште со технократите, односно машинеријата против која се бориме… Се работи за ГЕСТ, гест кој во мене предизвика ЖЕЛБА, или подобро кажано, ЈА ПРОБУДИ исконската желба за НЕПОКОР!

Оваа желба ме натера да бидам „паметен“ и, по секоја цена да се обидам да стигнам до конечната победа – враќање на Коловрт!

Благодарение на луѓето со кои контактирав, оние „најпаметни компјутерџии“ кои ми помогнаа за никаков или најмал паричен надоместок, заедно ГО ВРАТИВМЕ КОЛОВРТ за само неколку дена!

И СЕГА СМЕ ПОСИЛНИ, СЕГА СМЕ ПООБЕДИНЕТИ, СЕГА СМЕ ПОПАМЕТНИ!

Сега ќе работиме двојно повеќе, тројно поефективно, десет пати побрутално!

Вистината покажа дека нема цена.

Победата исто така.

ВИ БЛАГОДАРАМ!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!