СЕ ПОДГОТВУВА „ПРОБНО СЦЕНАРИО“ - НЕПОЗНАТА БОЛЕСТ ЈА НАПАДНА С. КОРЕЈА, А КИМ ЈОНГ УН НАРЕДИ КАРАНТИН!

СЕ ПОДГОТВУВА „ПРОБНО СЦЕНАРИО“ – НЕПОЗНАТА БОЛЕСТ ЈА НАПАДНА С. КОРЕЈА, А КИМ ЈОНГ УН НАРЕДИ КАРАНТИН!

Северна Кореја официјално не го пријави бројот на заболени од епидемијата на болеста, ниту пак кажа за каква болест се работи. Единствено познато е дека болеста е поврзана со гастроинтестиналниот тракт.

Северна Кореја пријавила појава на неидентификувана цревна болест, која ја забавува борбата против ковид-19 во таа земја. Лидерот Ким Јонг-Ун наредил да се спроведат строги карантински мерки, пренесуваат светските медиуми, цитирајќи го соопштението на севернокорејската државна агенција КЦНА.

Во соопштението е наведено дека Ким испратил лек во градот Хеј во средата за да им помогне на пациентите кои страдаат од акутната ентерична епидемија, а здравствените експерти шпекулираат дека може да се работи за колера или тифус. Северна Кореја официјално не го пријави бројот на заболени од епидемијата на болеста, ниту пак кажа за каква болест се работи. Единствено познато е дека болеста е поврзана со гастроинтестиналниот тракт.

Во мај годинава, Северна Кореја прогласи вонредна состојба откако властите објавија дека еден милион луѓе се заразиле со треска за која се верува дека се случаила од коронавирус. До крајот на април, ширум земјата се пријавени 4,56 милиони случаи на заболени од грозница.

Владата вели дека бројот на смртни случаи поврзани со епидемијата е 73, но Светската здравствена организација и другите експерти стравуваат дека ситуацијата е всушност многу полоша.

Дали некакво Северна Кореја е всушност терен за некакво „пробно сценарио“ на кое ќе бидеме сведоци и на нашите простори во блиска иднина?!

Едноставно сите нови, непознати, модерни болести бараат карантин, изолација и вакцинација…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!