ШЕФОТ НА ГЕРМАНСКИОТ СИНДИКАТ ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА ЦЕЛИ ИНДУСТРИИ ВО ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА ПРОПАДНАТ ПОРАДИ ВЛОШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

ШЕФОТ НА ГЕРМАНСКИОТ СИНДИКАТ ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА ЦЕЛИ ИНДУСТРИИ ВО ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА ПРОПАДНАТ ПОРАДИ ВЛОШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Минатиот месец Русија го намали протокот на природен гас во Северен Ток за 60 отсто поради наводните технички проблеми. Германските индустрии, во голема мера зависни од евтиниот руски природен гас (плин), се соочуваат со вртоглави енергетски трошоци кои доведоа многу од нив во опасност од колапс. „Поради недостатокот на природен гас/плин, цели индустрии се во опасност од траен колапс: алуминиумската, стаклената, и хемиската индустрија се најпогодени“, изјави Јасмин Фахими, шеф на германската федерација на синдикати, за весникот Bild am Sonntag. Фахими предупреди: „Таков колапс би имал огромни последици за целата економија и работните места во Германија“.

Министерот за економија Роберт Хабек беше цитиран од Блумберг во саботата дека владата работи на решавање на зголемените трошоци за енергија за комунални услуги и трошоците за електрична енергија за бизнисите и домаќинствата. Тој пред неколку недели предупреди дека Германија треба да се подготви за дополнителни намалувања во испораката на природен гас/плин. Германија неодамна ја активираше „алармантната фаза“ на нејзиниот итен план за справување со недостигот од енергенси бидејќи енергетската криза во најголемата европска економија е далеку од завршена. Хабек, исто така, го спореди смалувањето на испораките на руски природен гас и неговите штетни ефекти врз индустриите со катализатор што може да предизвика криза слична на таа со американската банка Лиман Брадрс (Lehman Brothers) во 2008ма.

Главниот стратег за валути на Дојче Банк (Deutsche Bank), Јоргос Саравелос, пред неколку дена им кажа на клиентите дека станува сè позагрижен за енергетската криза во Германија.

Саравелос истакна дека намалените испораки на природен гас во Германија и порастот на цените на електричната енергија создадоа огромни проблеми за индустриите и комуналните претпријатија. Најголемата „експлозија“ минатата недела беше германската компанија за гас и електрична енергија Uniper. Акциите на компанијата драстично паднаа затоа што доби само 40% природен гас/плин од Русија, а остатокот мораше да го купи на отворен пазар (надвор од долгорочни договори), каде што цените многукратно пораснаа. Ова создаде огромно оптоварување на претпријатието, губејќи повеќе од 30 милиони долари дневно, или ако се гледа на годишно ниво, може да доведе до загуба од 11 милијарди долари.

Се зголемуваат ризиците од целосен прекин на природен гас: „Европа треба да биде подготвена во случај рускиот гас целосно да се сопре“, неодамна изјави за Фајненшл Тајмс шефот на Меѓународната Агенција за Енергетика, Фатих Бирол.

Саравелос, исто така, им кажа на клиентите ако проблемите со снабдувањето со природен гас преку Северниот Ток не се решат во наредните недели, тоа ќе доведе до проширување на енергетскиот прекин со материјални првични ефекти врз економскиот раст, и се разбира, многу повисока инфлација или како што рече тој: „надвор од грижите на пазарот за побавен глобален раст во последниве месеци, она што се случува во Европа во последните денови е нов голем негативен шок од страната на понудата“. Изгледа порано или подоцна, Германија ќе научи, дека покажувањето доблест (virtue signalling) во поддршката на војната во Украина е лоша идеја.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!