generalen sekretar na nato

ШЕФОТ НА НАТО: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ВЕРОЈАТНО ЌЕ ТРАЕ СО МЕСЕЦИ, А МОЖЕ И СО ГОДИНИ – ОВА Е ЦЕЛТА НА ЗАПАДОТ?!

Рускиот претседател Владимир Путин не се откажа од окупацијата на цела Украина, а војната веројатно ќе трае „месеци, па дури и години“, предупреди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Мораме да бидеме реални. Војната може да трае долго, неколку месеци или дури години. Затоа мора да бидеме подготвени на долг пат, како во однос на поддршката на Украина, така и во однос на одржувањето на санкциите и зајакнувањето на нашата одбрана“, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел пред состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО рече дека нема индикации дека Путин ја променил својата цел да ја контролира цела Украина.

На маргините на министерскиот состанок на НАТО, планирана е средба на шефовите на дипломатиите на Групата седум најиндустриски развиени земји во светот (Г7). Оваа група ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.

„На Украина итно и е потребна воена поддршка и затоа е толку важно сојузниците во НАТО да се согласат да продолжат да ја поддржуваат Украина со многу видови воена опрема“, рече Столтенберг.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!