zadolzitelnata vakcina sega ja kritikuvaat onie koi rabotea za nejzino voveduvanje

СЕГА СЕ ВАДАТ! ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА BAKЦИНА СЕГА ЈА КРИТИКУВААТ ОНИЕ КОИ РАБОТЕА НА НЕЈЗИНО ВОВЕДУВАЊЕ

И оние кои учествуваа во донесувањето на законот за задолжителна вaкцинација против Ковид во Австрија сега станаа негови критичари.

Сè повеќе има гувернери на австриските провинции кои ја критикуваат задолжителната вaкцинација.

Откако заедно со австриската влада одлучија да воведат задолжителна вaкцинација, таа сега е критикувана од гувернерите на провинциите Корушка и Салцбург, Петер Кајзер и Вилфрид Хаслаер, а сега тоа го прави и гувернерот на провинцијата Бургенланд, Ханс Петер Доскоцил.

Интересно е што не само што учествуваа во донесувањето на одлуката за задолжителна вaкцинација, туку и фактот што се работи за политичари кои не се сите од редовите, на сојузно ниво, на опозициската Социјалдемократска партија на Австрија (СПО), кои сесрдно ја поддржаа владината иницијатива во парламентот.

Имено, Хазлауер е член на Народната партија (ОВП), чиј лидер е канцеларот Карл Нечамер.

Доскоцил смета дека власта со Законот за задолжителна вaкцинација се ставила во ќорсокак и дека во имплементација постапува целосно без план.

Тој критикуваше што порталот преку кој ќе може да се проверуваат ослободувањата од задолжителната вaкцинација не е завршен, а нема да биде готов пред крајот на април.

Хаслауер побара да се стави вон сила задолжителната вaкцинација, бидејќи не е потребна, а Кајзер побара и нова анализа за потребата од истата.

Хаслауер посочува дека задолжителната вaкцинација треба да се укине пред 15 март, по што, како што предвидува законот, ќе почне казнувањето.

Тој своето барање го образложи со тоа што нема индикации дека здрaвствениот систем може да биде преоптоварен.

Хаслауер го отфрли аргументот на владата и Министерството за здравство дека е неопходна задолжителна вaкцинација за земјата да се подготви за есен.

„Претпоставките не можат да ја оправдаат потребата од задолжителна вaкцинација“, рече тој.

Австрија е првата земја во Европа која воведе задолжителна вaкцинација за сите полнолетни граѓани, а може да влезе во историските анали на стариот континент и должината на примената на соодветниот закон, бидејќи критиките се се погласни пет дена по неговото стапување во сила.

Во Австрија се регистрирани зголемен број „пробиви“ во имунитетот стекнат со вaкцините против корoнавируcoт.

Според Кризниот штаб, стапката на „пробивање“ на имунитетот е зголемена на 40 отсто, откако за само два месеци илјадници граѓани по втор пат се заразиле со корoната.

Само од декември минатата година до јануари годинава околу 60.000 луѓе се заразиле со корoна по втор пат.

Кризната состојба покажува дека реинфекцијата со сојот oмикрон е многу поизвесна во споредба со претходните соеви.

Во средината на ноември, пред сојот oмикрон, стапката на „пробивање“ на имунитетот на целосно вaкцинираните лица беше само 1,22 отсто.

Експертите од Кризниот штаб посочуваат дека за масовното зголемување е виновна oмикронската подваријанта „БА.2“.

За една недела уделот на „БА.2“ меѓу тестираните скокна од 2,5 на 10 отсто.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!