СЕКОЈ ТРЕТ ГЕРМАНЕЦ ПРЕСТАНУВА ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ, НЕКОИ ДУРИ И КРАДАТ ГОРИВО - НЕЗАПАМЕТЕНА КРИЗА ТРОПА НА ВРАТИТЕ НА ЗАПАДОТ

СЕКОЈ ТРЕТ ГЕРМАНЕЦ ПРЕСТАНУВА ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ, НЕКОИ ДУРИ И КРАДАТ ГОРИВО – НЕЗАПАМЕТЕНА КРИЗА ТРОПА НА ВРАТИТЕ НА ЗАПАДОТ

Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат да го остават својот автомобил дома поради огромниот скок на цените на горивото на бензинските пумпи, пренесува агенцијата ДПА.

Анализата на YouG откри дека 22,9 % од возачите веќе го направиле тоа, додека други 12 % имаат намера да возат помалку во иднина.

Според агенцијата, тука главен фактор се парите: 49 % од испитаниците изјавиле дека сакаат да ги тргнат нозете од гас за да заштедат пари. За 16 % од нив заштитата на животната средина е причина за ваквата одлука, додека 14,9 % од Германците сакаат повеќе да се посветат на вежбањето.

Според резултатите од истражувањето, три четвртини од испитаниците рекле дека донекаде зависат од својот автомобил, делумно поради немањето опции во јавниот превоз. Околу половина од возачите користат автомобил најмалку пет пати неделно.

Војната во Украина донесе скок на цените на горивата на невидени нивоа во Германија, бидејќи бензинот во моментов чини во просек 2,09 евра за литар, а дизел горивото е 2,16 евра, покажуваат податоците на автомобилската асоцијација ADAC.

Некои возачи би можеле да се свртат кон друга тактика за да ги намалат трошоците за гориво – кражба.

„Може да се претпостави дека кражбите ќе се зголемат“, изјави портпаролот на Федералната асоцијација BGL.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!