СЕМЕЈСТВОТО МИЛИЈАРДЕРИ ШТО ЈА ТУРКА АГЕНДАТА ЗА Т.Н. СИНТЕТИЧКИ ПОЛОВИ ИДЕНТИТЕТИ (SSI)

СЕМЕЈСТВОТО МИЛИЈАРДЕРИ ШТО ЈА ТУРКА АГЕНДАТА ЗА Т.Н. СИНТЕТИЧКИ ПОЛОВИ ИДЕНТИТЕТИ (SSI)

Богатите, моќни и понекогаш многу чудни братучеди Прицкер се насочија кон нова цел: користење на родовата идеологија за преработка на човечката биологија

Текст на: Jennifer Bilek

Еден од најмоќните, но сепак незабележани двигатели на нашите сегашни војни околу дефиницијата на полот, е заедничкиот притисок од членовите на едно од најбогатите семејства во Соединетите Американски Држави. Нивниот притисок е за промена на сегашната диморфна дефиниција за полот, кон широко прифаќање и ширење на синтетички полови идентитети (СПИ). Во текот на изминатата деценија, семејството Прицкер од Илиноис, помогнаа да се смести Барак Обама во Белата куќа , а дел од ова семејство е и поранешната министерка за трговија на САД, Пени Прицкер, понатаму сегашниот гувернер на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, како и филантропот Џенифер Прицкер. Се чини дека користеле филантропски организации да ја поттикнат идеологијата и практиката на промената на полот во нашите медицински, правни, културни и образовни институции. Прво пишував за семејството Прицкер, чие богатство потекнува од синџирот хотели Хајат, и нивната филантропија насочена кон нормализирање на она што луѓето го нарекуваат „трансродов идентитет“ во 2018 година. Оттогаш престанав да го користам зборот „трансродов идентитет“ бидејќи нема јасни граници, што го прави бескорисно за комуникација и наместо тоа се определив за терминот синтетички полови идентитети (СПИ), кој појасно го дефинира она што некои од семејството Прицкер и нивните сојузници го финансираат – дури и кога ја игнорира биолошката реалност на „машко“ и „женско“ и „геј“ и „хетеро“.

Создавањето и нормализирањето на СПИ зборува многу подиректно за она што се случува во американската култура, и на други места, под чадорот на човековите права. Со воведувањето на СПИ, сегашната инкарнација на ЛГБТК+ мрежата – драстично различна од претходното движење кое се бореше за еднакви права на хомосексуалците и лезбејките во Америка – сега тесно соработува со техно-медицинскиот комплекс, големите банки, меѓународните правни фирми, фармацевтските гиганти и корпоративната моќ за да се зацврсти идејата дека луѓето не се сексуално диморфен биолошки вид. Ова не само што е во спротивност со реалноста, биологијата и основните премиси на „традиционалните“ религии, но и на движењата за граѓански права на хомосексуалците и лезбејките и голем дел од феминистичкото движење, за кои сексуалниот и полов диморфизам, и како резултат на него, родовите разлики, се основни премиси. Преку инвестиции во техно-медицинскиот комплекс, каде што се измислуваат нови високомедикализирани сексуални идентитети, Прицкерси и другите елитни донатори се обидуваат да ја нормализираат идејата дека човечкиот репродуктивен пол постои на спектар. Овие инвестиции одат кон создавање на нови СПИ со помош на операции и лекови, и со воведување брзи јазични реформи за да се поддржат овие нови идентитети и да се поттикнат институциите и поединците да ги нормализираат. Во 2018 година, на пример, во Медицинскиот центар Роналд Реган на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (каде што Прицкер се главни донатори и имаат различни титули), Одделот за акушерство и гинекологија објави неколку опции за млади жени кои мислат дека можат да бидат мажи, да им се отстранат репродуктивните органи. Оваа процедура беше наречена „грижа што го потврдува родот“.

Семејството Прицкерс стана првото американско семејство чиешто име го носи медицинско училиште – како признание за приватна донација кога во 1968 година дадоа 12 милиони долари на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Чикаго. Во јуни 2002 година, семејството објави дополнителен подарок од 30 милиони долари да се инвестира во Одделот за биолошки науки и Медицинскиот факултет на Универзитетот во Чикаго. Овие инвестиции му обезбедија на семејството мост во светот на академската медицина, кој оттогаш го прошири во следење на добро дефинирана агенда фокусирана на СПИ. Исто така во 2002 година, Џенифер Прицкер ја основа Фондацијата Тавани, која оттогаш обезбедува средства за Медицинскиот центар за здравје Хауард Браун во Чикаго,  Раш Меморијалниот Медицински Центар, Фондацијата за медицински науки на Универзитетот во Арканзас и Институтот за сексуално и родово здравје на Универзитетот во Минесота. Сите тие обезбедуваат некоја верзија на „родова грижа“. Во случајов, „клиентите“ вклучуваат „родово креативни деца, како и трансродови и родово неусогласени адолесценти…“ Во 2012 година, Ј.Б.Прицкер и неговата сопруга М.К. Прицкер, работеше со Бриџспан Групата – менаџмент консултанти на непрофитни организации и филантропи – за да развие долгорочна стратегија за Фондацијата на семејството Прицкер. Нивната заедничка работа вклучуваше истражување за развојот на настаните во областа на образованието во раното детство, за што фондацијата посвети 25 милиони долари.

Оттогаш, мотивирачка и движечка сила зад семејната посветеност на Прицкерси кон Синтетички Полови Идентитети е братучетката на Џеј Би, Џенифер (родена како Џејмс) Прицкер – пензиониран потполковник во Националната гарда на Илиноис и татко на три деца. Во 2013 година, кога родовата идеологија го достигна нивото на мејнстрим во американската култура, Џенифер Прицкер најави транзиција кон женственост. Оттогаш, Прицкер ја користеше Фондацијата Тавани за да помогне во финансирањето на различни институции кои го поддржуваат концептот за спектар на човечки полови, вклучително и Фондацијата за кампања за човекови права, Правниот факултет UCLA, Институтот Вилијамс, Националниот центар за еднаквост на трансродовите лица, Правниот Фонд за трансродови лица за одбрана и образование, Американската унија за граѓански слободи, Воениот центар Палм, Светската професионална асоцијација за здравје на трансродовите (WPATH) и многу други. Tавани Ентерпрајз, пандан на приватната инвестиција на филантропската фондација, инвестира и соработува со Squadron Capital LLC, приватно инвестициско друштво со седиште во Чикаго кое се стекнува со голем број компании за медицински уреди кои произведуваат инструменти, импланти, алатки за сечење и пластични производи за употреба во операции. Како и во случајот со Џон Страјкер, основач на ЛГБТ мега-Невладината Организација под име Фондација Аркус, тешко е да се избегне впечатокот на комплементарност помеѓу профитните медицински инвестиции на Џенифер Прицкер и филантропската поддршка за СПИ.

Прицкер, исто така, помага во финансирањето на Националниот центар за здравје на родовиот спектар при Универзитетот во Минесота, кој тврди дека „родовиот спектар вклучува широк спектар на родови идентитети надвор од бинарните дефиниции на родот – вклучително и цисродови и трансродови идентитети, родови квир и небинарни идентитети како нормален дел од природното изразување на родот. Здравјето на родовиот спектар е здрав, потврден, позитивен развој на родовиот идентитет и израз кој е во склад со чувството за себе на поединецот“. Универзитетот, каде Прицкер членуваше во Лидерскиот совет за човечка сексуалност, обезбедува „полови услуги за млади возрасни“ во Институтот за сексуално и родово здравје на медицинското училиште.

Филантропијата на Прицкер е активна и во Канада, каде Џенифер помогна во финансирањето на Бонам Центарот за студии за сексуална различност на Универзитетот во Торонто, наставна институција посветена на деконструкција на човечкиот пол. Инструктор во Центарот Бонам и куратор на неговата колекција за сексуално претставување – „најголемата канадска архивска колекција на порнографија“ – е професорот за трансродови студии Николас Мет, кој категорично негира дека постои сексуален диморфизам. Прицкер, исто така, го создаде првиот институт за трансродови студии на Универзитетот во Викторија во Британска Колумбија. Сегашниот претседавач, Арон Девор, основаше годишна конференција наречена „Движење на Трансродовата Историја Напред“, чиј главен говорник во 2016 година беше познатата трансхуманистка, Мартин Ротблат, која беше менторирана од трансхуманистот Реј Курцвеил од Гугл. Ротблат таму држеше предавање за вредноста на создавање организација како што е WPATH за да им служи на „технолошките трансродови лица“ во одгледувањето на „технолошки трансхуманисти“. (Идеологијата на Ротблат за бестелесност и технолошката религија се чини дека има речиси исто толку влијание врз американската култура како сателитското радио Сириус, кое го основаше Ротблат.) Ротблат е интегрално присуство во Out Leadership, деловно вмрежување на движењето на ЛГБТК+, и по се изгледа, верува дека „го правиме Бог додека имплементираме технологија која е сѐ попаметна, сѐ поприсутна, семоќна и покорисна“.

Профитните медицински корпорации и непрофитните институции кои се вкрстуваат со гигантската ЛГБТ+ инфраструктура на Невладини Организации, од кои многумина добиваат финансирање на Прицкер, создадоа политичко скеле за да ја инженерираат институционализацијата на идеологијата и медицинската пракса на СПИ во Соединетите Држави – зацврстувајќи го концептот на луѓето да бидат родени во тела со погрешни полови или воопшто погрешно родени во тела со погрешен пол. Најмалку две клиники во Калифорнија сега обезбедуваат небинарни операции и операции за поништување на поединци кои се чувствуваат и машко и женско, или како ниту едно од двете.

Службата за родова мултиспецијалност (GeMS) во Бостонската детска болница, „првата голема програма во САД која се фокусира на родовата разновидност и трансродовите адолесценти“, е основана во 2007 година. „Од тоа време“, се вели на веб-страницата GeMS, „ние имаме ја проширивме нашата програма за да ги пречекаме пациентите на возраст од 3 до 25 години“. Првата ваква клиника за деца во Илиноис, Програмата за развој на родот и сексот во детската болница Лури, беше отворена во Чикаго во 2013 година со грант од 500.000 до 1 милион долари од Прицкер. (Сопругот на Жан „Џиџи“ Прицкер, друг братучед, седи во одборот на директори на Лури.) Проектот за родово мапирање проценува дека сега има илјадници слични „родови клиники“ ширум светот, а над 400 нудат медицински манипулации со полот на децата.

Како и Фондацијата Аркус на Страјкер, Прицкерите создадоа блиски односи со психијатрискиот естаблишмент. Одделот за психијатрија Прицкер во Лури беше основан со грант од 15 милиони американски долари од Фондацијата Прицкер во 2019 година и доби уште 6,45 милиони долари во 2022 година за да одговори на „последиците по менталното здравје за децата и адолесцентите кои произлегуваат од пандемијата на КОВИД“. Гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, братучед на Џенифер, го потпиша законот SB 2085, Покривање на моделот за психијатриска соработка за нега (CoCM).

Џин Прицкер, мажена за братот на Џеј Би, Ентони, кој е братучед на Џенифер, е психолог за обука во UCLA каде што таа и нејзиниот сопруг ја основаа семејната стипендија на Ентони и Џин Прицкер за поддршка на студентите по медицина на Медицинскиот факултет при UCLA. Г-ѓа Прицкер е член на Одборот на училиштето Гефен, кое е поврзано со детската болница именувана по Мател- мултинационалната компанија за играчки која дебитираше „трансродова Барби“ неодамна направена во ликот на актерката Лаверн Кокс.

На 30 јуни 2019 година, гувернерот Прицкер издаде Извршна наредба 19-11, насловена како „Зајакнување на нашата посветеност за афирмирање и инклузивни училишта“, за добредојде и поддршка на децата со фабрикуван полов идентитет. Формирана е работна група за да ги наведе критериумите низ државата за училиштата и наставниците кои препорачаа областите да ги изменат политиките на нивните училишни одбори „за да ја зајакнат заштитата на трансродовите, небинарни и родово неусогласени ученици“.

Во август 2021 година, гувернерот Прицкер потпиша нов Закон за сексуално образование за сите државни училишта во Илиноис, прв од ваков вид дизајниран во согласност со второто издание на Националните стандарди за сексуално образование (NSES) за ажурирање на наставните програми за сексуално образование во средните училишта. Иако законот предвидува писмено откажување за родителите (но не и алтернатива ако се откажат), многумина се загрижени за материјалот што се внесува во детските училишта под покровителство на нивно учење за сексуално здравје – имено идеологија на родовиот идентитет и други сродни материјали.

Прирачникот за NSES беше изработен од Иницијативата за сексуално образование за иднината (FoSE) и финансиран од фондацијата Гроув, која пак работеше со Фондацијата Дејвид и Лусил Пакард (збогатени од фирмата производител на компјутерски хардвер Хјулит-Пакард) и Фондацијата Форд за да го институтира WISE – „Национална иницијатива која ги поддржува училишните области во спроведувањето на сексуалното образование“ – низ целата земја. Групацијата Bridgespan, која им помагаше на Pritzkers со нивната филантропска траекторија во 2012 година, беше задржана од страна на Фондацијата Packard за да ги разгледа нивните заеднички напори низ своето инвестициско портфолио и да поднесе извештај за серија студии, вклучително и иницијативата WISE. Секој од нив е финансиран и од фондацијата Гроув, чие богатство доаѓа од сега починатиот Ендру Гроув, поранешен извршен директор на корпорацијата Интел. ФОСЕ создаде пристап за да ги учи децата за секс и пол во државните училишта и да ги учи од многу мали. Нејзиното кредо е дека

„не само што помалите деца се способни да разговараат за прашања поврзани со сексуалноста, туку и дека раните одделенија, всушност, може да бидат најдобро време за воведување теми поврзани со сексуалната ориентација, родовиот идентитет и изразување, родовата еднаквост и социјалната правда – поврзани со ЛГБТК+ заедницата пред хетеро- и циснормативните вредности и претпоставки да станат подлабоко вкоренети и помалку променливи“.

Критичарите на стандардите на NSES создадени од соработката на FoSE и сега имплементирани во Илиноис под гувернерот Прицкер можеби се загрижени за прирачникот од 72 страници во кој терминот „анален секс“ се појавува 10 пати, а зборот „интимност“ само половина од тоа. Зборот „род“, се користи 270 пати. Додека многу Американци сè уште се обидуваат да разберат зошто жените се бришат од јазикот и правото, и зошто децата се учат дека можат да го изберат својот пол, братучедите Прицкер и другите можеби се на добар пат да измислат нов начин да се биде човек. Но, што би можело да го објасни наглиот нагон на богатите елити да деконструираат кои сме и што сме, и да манипулираат со половите карактеристики на децата во клиниките што сега го опфаќаат целиот свет, додека бараат нови права за оние што се деконструираат? Можеби тоа е профит. Можеби е задоволството да се гледаат сопствените лични опсесии на големо. Можеби е човечкото искушение да се игра Бог. Без разлика каков е одговорот, се чини јасно дека Синтетичките Полови Идентитети ќе бидат траен дел од иднината на Америка.

Извор: https://www.tabletmag.com/sections/news/articles/billionaire-family-pushing-synthetic-sex-identities-ssi-pritzkers

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!