СЕРИОЗНИ НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ ОД BAKЦИНИТЕ ЗА KOBИД! „МНОГУ ВИСОКИ, НИТУ ЕДНА ДРУГА BAKЦИНА НЕ ИМ СЕ ПРИБЛИЖУВА“, ВЕЛИ ПОРАНЕШЕН ЧЛЕН НА КОМИТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА BAKЦИНИТЕ ПРИ ЦДЦ ВО САД

СЕРИОЗНИ НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ ОД BAKЦИНИТЕ ЗА KOBИД! „МНОГУ ВИСОКИ, НИТУ ЕДНА ДРУГА BAKЦИНА НЕ ИМ СЕ ПРИБЛИЖУВА“, ВЕЛИ ПОРАНЕШЕН ЧЛЕН НА КОМИТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА BAKЦИНИТЕ ПРИ ЦДЦ ВО САД

Д-р Мартин Кулдорф, до неодамна професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард и член на Советодавниот комитет за безбедност на лекови и управување со ризик, врз основа на нови студии, сега заклучи дека безбедносниот профил на мРHК вaкцините против KOBИД-19 е загрижувачки. Д-р Кулдорф досега ги поддржуваше вaкцините: на пример, тој гласаше спротивно на мислењето на неговите колеги од Центарот за Контрола на Болести во САД минатата есен, кога во гореспоменатиот Комитет гласаше вaкцината Џонсон и Џонсон да се одобри и понуди на ранливите пациенти и покрај загриженоста на некои негови колеги во врска со нејзините несакани ефекти.

Во новата статија објавена од Институтот Браунстоун, д-р Кулдорф се осврнува на две неодамнешни студии. Прво, нова студија од Фрајман (Fraiman et al.), заснована на податоци од Мoдерна и Фaјзер, која покажува еден сериозен несакан ефект на 800 вaкцинирани лица. Ова, според зборовите на Кулдорф, „е многу високо за вакцина. Ниту една друга вaкцина на пазарот не се приближува до ова ниво на ризик“. Д-р Кулдорф, исто така, се осврнува на една неодамнешна студија на Кристин Бен  што покажува дека вaкцините со мРHК не доведуваат до никакво намалување на смртноста, врз основа на истите податоци како студијата на Фрајман.

Додека д-р Кулдорф вели дека мРHК вaкцините може да бидат од корист за луѓето над 70 години, кога станува збор за другите, овој е неговиот заклучок: „Не е јасно од податоците од клиничките испитувања дали придобивките ги надминуваат ризиците за возрасните на работоспособна возраст, кои или не биле вакцинирани или сеуште не прележале Кoвид. Ова е точно и историски, за оригиналните варијанти на Кoвид, и моментално за поновите“.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!