СИ ПРИЗНАА, АМА ДАЛИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ТЕРОРОТ?! ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ МАСКИ БИЛЕ БАДИЈАЛА!

СИ ПРИЗНАА, АМА ДАЛИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ТЕРОРОТ?! ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ МАСКИ БИЛЕ БАДИЈАЛА!

Две години откако започна корона хистеријата, две години откако го започнаа теророт и ловот на слободоумниот народ, две години откако засекогаш го уништија психичкото здравје на оние кои и на +40 надвор сѐ уште носат маска за лице, одговорните сега признаваат дека сето тоа било…БАДИЈАЛА!

Две години откако уздуж и попреку се испокаравме околу маските, што понекогаш заличуваше на лов на вештерки или прогон на непријателски елементи, Њујорк Тајмс деновиве констатира дека задолжителноста на носењето маска статистички немала битно влијание врз брзината на зараза. ОК. И после ќе се чудат зошто на следната белја ќе има уште повеќе скептици.

Ковид случаите и хоспитализациите повторно се зголемуваат САД, а расте и бројот на смртни случаи. Луѓето што беа уништени од пропагандата за овие две години почнуваат да реагираат и очекуваат и посакуваат дека можеби е време да се вратат стандардните мерки за заштита. 

Како што е задолжителното носење маски, на пример. Њујорчани, на пример, се гневни на градоначалникот Ерик Адамс што уште не донел таква уредба.

„Се чини дека критичарите погрешно ги читаат податоците од јавното здравје и последните научни сознанија. Доказите сугерираат дека мандатните маски не сториле многу за да се намали ковид оптоварувањето изминатите две години,“ пишува Дејвид Леонард во Њујорк Тајмс.

Во недостаток на јасно објаснување за ваквата ситуација, сега се вели дека околу маските постои парадокс: Самите маски функционираат, ама нивното задолжително носење не (?!). Авторот поштено потсетува дека тоа се коси со едно од основните логички правила утврдени уште од Аристотел, дека збирот не може да биде помал од елементите.

„Во американските градови во кои масовно се користеа маски ковидот се шири со слична брзина како и во оние градови со голем отпор кон маските. Задолжителноста на маските во училиштата, исто така, се чини дека направи малку за да се намали ширењето. Хонг Конг, и покрај речиси универзалното носење маски, неодамна доживеа еден од најлошите бранови на епидемијата во светот“, пишува Леонард.

Вели и дека науката сега нуди „разумен компромис“ (баш така формулирано, како кај Иванов кој беше руган и од шуто и од рогато за тој термин).

А разумниот компромис е „луѓето сами да одлучат дали ќе носат маски.“

Па нели бе тоа и беше кавгата цел изминат период?!

Е, затоа МВР ги фрлаше казните во корпа за отпадоци!

А одговорните за лудилово сѐ уште не се доведени пред лицето на правдата, а доколку не дојде до истото, се плашам дека во многу блиска иднина истите актери можат да се обидат со нешто слично… Единствено знам дека повторно нема да им успее…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!