СИМПСОНОВИ ПОВТОРНО ПРЕДВИДУВААТ! ИВАНКА ТРАМП ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА САД ВО 2028 ГОДИНА (ФОТО)

СИМПСОНОВИ ПОВТОРНО ПРЕДВИДУВААТ! ИВАНКА ТРАМП ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА САД ВО 2028 ГОДИНА (ФОТО)

Додека некои корисници на социјалните мрежи кои го коментираа видеото рекоа дека ќе гласаат за „било кој од семејството Трамп“, имаше и други кои сугерираа дека нема да гласаат.

Популарниот американски анимиран ситком Симпсонови долго време уживаше репутација меѓу обожавателите поради своите навидум точни предвидувања за настани од реалниот живот, како што е претседателството на Доналд Трамп, како и пaндемијата на кoвид 19.

Сега, еден корисник на социјалните мрежи открил нешто што би можело да стане уште едно такво предвидување кое повторно е поврзано со претседателските избори во Соединетите држави, кои се за само 6 години.

Краток клип споделен на TikTok од корисникот „drippin.ranch“ покажува нешто што изгледа како фрагмент од епизодата „Treehouse of Horror XXVII“ на Симпсонови, која се емитуваше во октомври 2016 година.

Додека еден од главните ликови на серијата, Хомер Симпсон, ја носи својата семејна елка на шопинг на Ноќта на вештерките, неговиот син Барт го прашува зошто го прават тоа толку рано.

„Затоа што сѐ е премногу рано во Америка“, одговара Хомер, пред да ја покаже значката „Иванка 2028“.

Откако привлече повеќе од 167.000 „лајкови“, видеото со натпис „Следното рпедвидување на Симпсонови“ предизвика доста реакции кај гледачите, а некои од нив се пошегуваа дека „ќе гласаат за кој било Трамп“.

„Ние нема ни да стигнеме до 2028 година со оваа брзина“, забележа еден корисник.

Ова не е прв пат извадок од Симпсонови да го привлече вниманието на публиката на социјалните мрежи. На пример, видео на YouTube со наслов „Дали Симпсонови го предвидоа Трамп 2028!?“ се појави уште во 2020 година.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!