СИНОЌА МЕДИЦИНАТА ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКСПЕРТИ - ПОЧИНА Д-Р ВЛАДИМИР ЗЕЛЕНКО

СИНОЌА МЕДИЦИНАТА ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКСПЕРТИ – ПОЧИНА Д-Р ВЛАДИМИР ЗЕЛЕНКО

По битка со тешка болест, синоќа почина познатиот медицински стручњак, д-р Владимир Зеленко.

Како што претходно пишувавме на Коловрт, Зеленко се борел со тешка форма на рак и ја користел секоја можна можност пред да биде префрлен на одделението за интензивна нега за да комуницира со јавноста.

Неговата смрт е констатирана од централата на неговата лабораторија „Зеленко лабс“.

Познатиот лекар имаше богата биографија и во последните неколку години спаси стотици илјади животи со својот протокол за лекување на Кoвид во раните фази со помош на витамини и лекови кои се забранети од фармакомафијата.

Владимир (Зев) Зеленко (роден 1973) е украинско-американски семеен лекар и автор познат по промовирањето на комбинацијата од три лекови – хидроксихлорокин, цинк сулфат и азитромицин како дел од експерименталниот амбулантски третман за KOBИД-19, промовиран како Протокол Зеленко . Тој откри и многу аномалии кои се јавуваат по вакцинацијата против KOBИД.

На 23 март 2020 година, Зеленко објави отворено писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое изјави дека успешно лекувал стотици свои пациенти со KOBИД-19 со петдневен курс на неговиот Протокол. Протоколот за лекување на Зеленко брзо доби доверба низ САД, како и од самиот американски претседател Доналд Трамп и неговата администрација кои го промовираа, вклучувајќи ги Руди Џулијани и шефот на кабинетот на Белата куќа Марк Медоус.

Владимир Зеленко е роден во Киев во 1973 година. Неговото семејство се преселило во САД кога тој имал три години и се населиле во населбата Шипсхед Беј во Бруклин, Њујорк.

Зеленко посетувал медицинско училиште на Државниот универзитет во Њујорк во Бафало, каде што докторирал во 2000 година.

Во неколку наврати Зеленко тврдеше дека се подготвува негова ликвидација и потсетуваше дека „не е суицидален.“

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!