суепрмаркет невакцинирани

СЛЕДИ ХАОС! ВО ГЕРМАНИЈА ИМ Е ЗАБРАНЕТ ПРИСТАПОТ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ХРАНА

Во сојузната држава Хесен, Германија, отсега сите трговци на мало, вклучувајќи ги и супермаркетите, ќе можат сами да одлучуваат дали ќе го применуваат т.н. правило 3Г (слободен влез за вакцинирани, прележани, тестирани), или пак правилото 2Г (слободен влез само за вакцинираните и прележаните). Досега не постоеја никакви ограничувања околу пристапот во супермаркетите, како сите би добиле можност за остварување на своите основни потреби.

Продавниците за храна сега за првпат имаат можност да не им дозволат на невакцинираните да купуваат храна. Во овој случај, невакцинираните ќе мораат да изнајдат друг екстремен начин како да дојдат до храна, да ги праќаат своите роднини, пријатели или соседи – или да се вакцинираат.

Самата држава очигледно знае какви драматични ефекти оваа мерка ќе има врз своето население, па самата се надева дека продавниците нема да ја применуваат. Се поставува прашањето зошто тогаш самата мерка воопшто стапува во сила, токму на предлог на државните власти.

“Претпоставуваме дека оваа опција ќе се користи само на дневна база и дека претпријатијата нема да ја користат”, рече премиерот на сојузната држава Волкер Буфиер (69, од партијата ЦДУ).

“Тоа значи дека доколку правилото 2Г не се применува, остануваат во сила наредбите за одржување дистанца и носење маска”.

Во Германија, имплементирањето на ова 2Г правило дури и се промовира, затоа што оние кои го применуваат може да се одречат од задолжителното носење маски.

Новите правила во Хесен вклучуваат и други построги мерки.

Така, невакцинираниот болнички персонал мора два пати неделно да се тестира на корона вирусот, додека во училиштата е задолжително носењето на маски, а воведени се и секојдневни тестови врз сите ученици доколку се јави еден позитивен брз тест кај некое од децата.

Буфиер повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат, велејќи: “Хесен добро поминува есенва. Сепак, не смееме да бидеме немарни. Вакцинацијата нуди најголема заштита. Тоа е сеуште едноставно, небирократско решение и се добива бесплатно”.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете го НАШИОТ КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom