бих слобода

СЛОБОДАТА Е НА ЧЕКОР ОД МАКЕДОНИЈА! ВО БИХ СЕ BAKЦИHИPAHИ САМО 22% ОД ЖИТЕЛИТЕ, ИМА МИНИМАЛНО ЗАБOЛEHИ И НЕМА И НИТУ НЕКОГАШ ЌЕ ИМА НЕКАКВИ KOBИД CEPТИФИКАТИ!

Дали ски-центрите и останатите туристички места во Босна и Херцеговина (вакцинирани само 22% од населението) нудат некој вид на масовна имунизација за луѓето и дали оваа земја го најавува глобалниот крај на пандемијата, се прашуваат сите медиуми во светот и во регионот.

Да потсетиме, пред само неколку дена, познатиот адвокат Мирнес Ајановиќ издејствува суспендирање на ковид сертификатите, како и право на избор за сите граѓани на БиХ околу вакциналниот статус, без разлика на нивната работна позиција.

Знаејќи го фактот дека ковид сертификати во оваа балканска земја сеуште нема, по оваа одлука се чини дека и никогаш нема ниту да бидат воведени! Властите се откажаа и од примената на т.н. правило ВТП (вакциниран-тестиран-прележан) кое требаше да стапи на сила на 20 декември. Рестораните и кафулињата се полни со гости, а ситуацијата е таква како некаква пандемија воопшто да не се случила!

Странските медиуми известуваат и за големиот број на туристи на скијалиштата. Како што наведува Асошиејтед Прес (Associated Press), илјадници скијачи од целата земја, но и од Балканот и Европската Унија задоволно скијале на свежиот снег во планинските предели на БиХ, по официјалниот почеток на сезоната на 4 декември.

Од странските туристи не се бара да покажат доказ за вакцинација, неодамнешно прележување на болеста или негативен тест, како би можеле да пристапат до скијачките патеки, рестораните, баровите и останатите затворени објекти. Иако на сила, барем на хартија, е задолжителното носењето на маска за лице и социјалното дистанцирање на затворено, примената на овие мерки е минимална, пишува Associated Press.

Надлежните во БиХ сметаат дека епидемиолошката ситуација е стабилна, но и таму постојат лекари кои изразуваат “загриженост” поради потенцијалното зголемување на бројот на случаи од ковид 19.

Сепак, токму тие пропагатори на пропагандата, се чини дека забораваат да одговорат на прашањето зошто, на пример, една Јужна Кореја со вакцинирано над 80% од населението, моментално ги руши сите рекорди на новозаболени и починати од корона вирусот, додека Босна и Херцеговина, со вакцинирани околу 22% и речиси никакви рестриктивни мерки, стои толку добро во борбата со ковид 19.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!