словенија забрана

СЛОВЕНИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ ДЕКА СМРТТА НА ЕДНА 20-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ПРЕДИЗВИКАНА ОД BAKЦИHATA ЏOHСОН И ЏOHСОН И ВЕДНАШ ЈА ЗАБРАНИ!!!

Словенија вчера (вторник) соопшти дека официјално ја забранува вaкцинaта за ковид 19 на Џoнсoн и Џoнсон, освен во случаи кога самите пациенти ќе инсистираат на неа, по истрагата која утврди дека смртта на една млада 20-годишна девојка е директно предизвикана од неа.

Оваа вакцина досега беше само привремено суспендирана, по смртта на девојката пред нешто повеќе од 1 месец која добила згрутчување, односно тромбови во крвта и крварење во мозокот.

“Пациентката имаше згрутчувања на крвта и крварење во мозокот истовремено, интензивната нега не беше доволна и успешна,” рече тогаш Игор Риглер, невролог во Клиничкиот Центар во Љубљана.

“Комисијата која беше создадена за да го истражи случајот, едногласно заклучи дека трагичниот исход е директно поврзан со вакцината,” извести членот на комисијата, Зоран Симоновиќ во вторникот.

Симоновиќ додаде дека жената добила тромбоза по примањето на вакцината.

“Нема поголем приоритет од сигурноста и благосостојбата на луѓето на кои им служиме, и ние внимателно ги прегледуваме извештаите за несаканите ефекти кај индивидуалните лица кои ги примаат нашите лекови или вакцини,” беше првичната изјава од компанијата Џонсон и Џонсон, по објавувањето на словенечката забрана за нивната вакцина.

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар јасно потврди дека вакцината ќе биде забранета, освен кога самите пациенти исклучиво ќе побараат да ја примат токму неа.

Останува да видиме дали по ова, конечно ќе се запали црвената сијаличка и ќе следи бран на пријавување на несаканите ефекти од вакцините, не само од Џонсон и Џонсон, туку и од другите производители.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!