СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ И ШТИТОТ НА АЛЕКСАНДАР НА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ БУНДЕСЛИГАШ

СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ И ШТИТОТ НА АЛЕКСАНДАР НА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ БУНДЕСЛИГАШ

Сонцето од Кутлеш и копија на артефакт кој наликува на штитот на Александар Македонски се појавија на социјалните мрежи како дел од промоцијата на новиот член на најсилното германско фудбалско натпреварување ,,Бундеслига”.

Симболите на Античка Македонија ги носеше македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов кој настапува за клубот Шалке 04 од Гелзенкирхен.

Чурлинов е еден од најдобрите македонски фудбалери кој веќе три сезони настапува во германските фудбалски првенства.

Клубот Шалке 04 е клуб ,,побратим” на скопски Вардар а за него навиваат голем број Македонци во Германија и Европа.

Важи за еден од клубовите со најстрасни навивачи во Европа.

На фотографијата Чурлинов е фотографиран на последниот меч во втората германска лига откако Шалке 04 обезбеди влез во најсилното натпреварување во Германија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!