ruski gas

ШПАНИЈА ГО УДВОИ УВОЗОТ НА РУСКИ ГАС?!?

Количината на руски гас што Шпанија ја купи во август е зголемена за 102,2 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците објавени во понеделникот на шпанската енергетска компанија Енагас.

Во извештајот се истакнува дека Мадрид купил 4.505 гигават часови (GWh) гас од Москва во споредба со 2.228 GWh во август 2021 година. Во меѓувреме, увозот од Алжир, традиционално главниот снабдувач на гас во земјата, паднал за 34,8%.

Податоците покажаа и дека увозот од САД учествува со 26,5% од пратките. Русија се рангираше на петтото место меѓу главните добавувачи во земјата (11,8%), по САД, Алжир, Нигерија и Франција.

Шпанија купила вкупно 32.770 GWh гас од Русија во првите осум месеци од 2022 година, што е за 22,88 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Земјите од ЕУ од неодамна го зголемуваат купувањето на гас со цел да создадат залихи за зимската сезона. Во петокот, земјите-членки не успеаја да постигнат консензус за поставување на горната граница на цената на рускиот гас што требаше да ги смири зголемените цени на енергијата низ целиот регион.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!