ШПАНИЈА ОД ДЕНЕСКА ГО ТРЕТИРА KOPOHAВИPУCOТ КАКО ГРИП

ШПАНИЈА ОД ДЕНЕСКА ГО ТРЕТИРА KOPOHAВИPУCOТ КАКО ГРИП

Шпанија од денеска ја третира инфекцијата со корщнавирус речиси како нормална болест, слична на грип. Оние кои ќе се заразат со корoнавируc и ќе развијат само благи симптоми или воопшто немаат симптоми, можат да продолжат да водат нормален живот. Веќе не се задолжителни ниту тестови, ниту домашна изолација.

Досегашните мерки ќе продолжат да важат само за оние кои се изложени на ризик. Меѓу нив се луѓето на возраст над 60 години и оние со имунолошки дефицит, како и бремените жени и здравствени работници.

Тоа значи дека единственото нешто што останува од некогашните рестриктивни мерки против ширењето на корoнавируcот во повеќето региони во земјата е задолжителното носење маски во автобусите, возовите и авионите.

Во Галиција, приложувањето доказ дека некој е вaкциниран, тестиран или излечен сè уште важи кога се влегува во болници и домови за стари и изнемоштени лица. Ограничувања има и за бројот на гости на една маса во рестораните. Но, и овие ограничувања треба да бидат укинати на 9 април.

Епидемиолошката ситуација во Шпанија, која беше особено тешко погодена на почетокот на пaндемијата, сега е значително ублажена.

Седумдневната инциденца во петокот беше 227 на 100.000 жители, со само 3,6 отсто од сите болнички кревети зафатени од пациенти со Кoвид-19. Речиси 85 проценти од популацијата се смета за вакцинирана, а 51 отсто примиле дополнителна доза на вакцина.

Извор: МИА

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!