СТИГНА ФАЛСИФИКАТОТ ИЛИ ПОКАЗАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ?! МАКЕДОНЦИТЕ ГИ СНЕМА, АЛБАНЦИТЕ СЕ МНОЖАТ - РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ 2021

СТИГНА ФАЛСИФИКАТОТ ИЛИ ПОКАЗАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ?! МАКЕДОНЦИТЕ ГИ СНЕМА, АЛБАНЦИТЕ СЕ МНОЖАТ – РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ 2021

Државниот завод за статистика ги објави резултатите од пописот.
На церемонијата одржана во Македонската филхармонија присуствуваше целиот државен врв.

Со Пописот во земјата се попишани вкупно 1 832 696 лица, 568 175 домаќинства и 837 255 станови.

Со примената на комбинираниот пописен метод и со користењето на новите техничко-технолошки алатки, се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на попис на терен.

Изразено во бројки, тоа значи дека:

Од опфатените објекти за живеење, 91 % беа предмет на попис;
9 % се објекти кои не беа предмет на попис;
Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои и тоа не успеаја да го направат, сепак ќе бидат дел од Пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоците, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата.

Овие показатели укажуваат на фактот дека целата активност е спроведена во рамките на очекуваното особено со оглед на тоа дека 20 години немаме пописни податоци и немавме точна претстава со што ќе се соочиме на терен – изјави Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност.

Вкупно попишано население е 2.097.317 лица, од кои 54.21 се Македонци, 29.52 се Албанци, 3.98 се Турци, 2.34 се Роми, 1,18 се Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи.

Резидентно население e 1.836.713 лица, изразено низ проценти е 58.48 проценти Македонци, 24.3 проценти се Албанци, 3.86 проценти се Турци, 2.53 проценти се Роми, 0.47 проценти се Власи, 1.30 се Срби, 0.86 се Бошњаци.

Нерезидентно население кое се попишано се 258.932 лица. Од нив, 24.45 Македонци, 66.36 Албанци, 4.79 Турци, 1.02 Роми, 0.19 се Власи, 0.35 Срби. Во Македонија се регистрирани 598.632 домаќинства и 839 174 станови.

„Најмала општина според број на жители е Зрновци со 2.086, а најголема Куманово со 98.104 жители. Просечна возраст на населението е 40 години. Има 207 празни населени места“, кажа Симовски.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!