stiv forbs za novak dzokovic

СТИВ ФОРБС: БИРОКРАТСКА ГЛУПОСТ Е ШТО САД НЕ ДОЗВОЛУВААТ ВЛЕЗ НА НОВАК ЃОКОВИЌ

Американскиот милионер Стив Форбс изјави дека е бирократска глупост што властите во САД не му дозволуваат влез на Новак Ѓоковиќ.

Поради тоа што е „невакциниран странец“, Ѓоковиќ во моментов не смее да влезе во Америка, а со тоа и да не учествува на УС Опен.

Форбс се надоврза на изјавите на легендарниот американски тенисер Џон Мекинро кој порача дека на Ѓоковиќ треба да му се дозволи да игра во Њујорк.

„Мекинро е во право кога ја напаѓа владата која спречува човек кој освоил 21 Грен слем да игра на УС Опен само затоа што не бил вакциниран. Тоа е пример за бирократско газење“, вели Стив Форбс, првиот човек на угледното списание кое го носи неговото презиме.

Времето за Новак Ѓоковиќ истекува, бидејќи УС Опен започнува на 29 август и ќе трае до 11 септември.

Титулата во „големото јаболко“ ќе ја брани актуелниот тенисер број еден во светот, Русинот Данил Медведев, кој минатата година во финалето го совлада Ѓоковиќ.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!