јевхен карас украински нео нацисти

ШТО ГОВОРЕШЕ ЛИДЕРОТ НА УКРАИНСКИТЕ НЕО-HAЦИСТИ ПРЕД САМО ЕДЕН МЕСЕЦ?! ЗАБАВНО НИ Е ДА… (ВИДЕО)

Јевхен Карас, лидерот на украинската нео-нацистичка парамилитантна група С14, во говор одржан во Киев на почетокот на февруари, едноставно го „сруши“ целосниот наратив на западните медиуми околу ситуацијата во Украина… А сигурно немаше таква намера… Погледнете ја оригиналната објава на Твитер, а ние во продолжение ви го пренесуваме целиот текст.

„Сега ни даваат толку многу оружје, не како што некои велат дека „Западот ни помага“, не затоа што тие го сакаат најдоброто за нас, туку затоа што ги извршуваме задачите кои Западот ни ги поставува, затоа што сме единствените кои се подготвени да го прават тоа, бидејќи ни е забавно, ЗАБАВНО НИ Е ДА УБИВАМЕ и забавно ни е да се бориме и тие си велат: „Леле, ајде да видиме што ќе се случи“.

И тоа е причината за новата алијанса – Турција, Полска, Британија и Украина. Ние сме тука водечките, затоа што започнавме војна што не е видена 60 години!

Така, замислете колку оружје имаме, колку ветерани имаме… И сега замислете ако Русија се распадне, се претвори во 5 различни Русии или сл…

Имаме најмногу „Javelin“ (американски преносен анти-тенковски ракетен систем) на европскиот континент, можеби само Велика Британија има повеќе. Потенцијалот на овие вооружени сили веднаш ќе стане проблем за сите оние кои сега се обидуваат нам да ни создадат проблеми.

Наше задоволсто е, но и наша жалост… Морате да разберете зошто…

Да, тешко е, но не затоа што „ние сме Украинци, сме страдале 300 години, зошто не ни биде дадено сѐ што е добро, ние сме така добри луѓе, ние сакаме да се приклучиме кон Европа…“ НЕ, ние сме голема и моќна држава и ако дојдеме до позиција на моќ, тоа ќе биде и задоволство, но и проблем за целиот свет. Така, тоа е една амбициозна и голема цел, живееме во едно навистина интересно време и затоа пред нас е една екстремно амбициозна и интересна цел, не само да станеме „дел од европското семејство“ кое веќе се распадна, туку станува збор за новите политички алијанси на глобално ниво, односно новите политички предизвици.“ – вели Карас во првиот дел од неговото обраќање.

Потоа, тој продолжува околу насилната промена на власта во Украина во 2014 година, односно т.н. „Мајдан“.

„Мајдан беше победа на националистичката идеја, националистите беа клучен фактор таму и јасно во првите линии. Сега имаме многу шпекулации од типот: „Па, имаше само неколку нацисти“, ЛГБТ здруженијата и странските амбасади велат: „Немаше многу нацисти на Мајдан, можеби само околу 10% од вистинските идеолози.“

Работата е што таква работа може да изјави само некој кој е морон кој никогаш не бил во војна и не разбира дека тие 10%, можеби дури и помалу – 8%, но колку тие беа поефикасни во соодносот на влијанието, колку нивната ефикасност беше неограничена. Ако не беаа тие 8% (нацисти), ефективноста (на Мајданот) ќе се намалеше за 90%.

Значи, бројките не се клучен фактор. Сега некои лево-ориентирани организации, како „Фондацијата Boell“ и други, се обидуваат да ги сметаат бројките, велејќи: „Имаше толку и толку националисти, имаа толку и толку влијание…“

Влијание?! Ако не беа националистите, целата работа ќе се претвореше во геј-парада,“ завршува еден од лидерите на украинските нео-нацисти.

Погледнете го оригиналното видео од неговото обраќање од пред неполн месец во продолжение:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!