ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО АНГЛИЈА? ВИШОКОТ НА СМРТНИ СЛУЧАИ КОИ НЕ СЕ ОД KOBИД НАДМИНА 10.000 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 12 НЕДЕЛИ - ВЛАДАТА ОДБИВА ДА ИСТРАЖИ ЗОШТО!

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО АНГЛИЈА? ВИШОКОТ НА СМРТНИ СЛУЧАИ КОИ НЕ СЕ ОД KOBИД НАДМИНА 10.000 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 12 НЕДЕЛИ – ВЛАДАТА ОДБИВА ДА ИСТРАЖИ ЗОШТО!

Во Англија и Велс во последните 12 недели од 23-ти април се регистрирани 10.153 вишок смртни случаи (кои не се ниту предизвикани од, ниту се со КOВИД), покажуваат најновите официјални податоци од Канцеларијата за национална статистика. Во неделата што завршува на 15 јули, во Англија и Велс се регистрирани 10.515 смртни случаи, што е за 1.113 (11,2%) над петгодишниот просек за таа недела. Од нив, само 585 го споменале КOВИД-19 на потврдата за смрт како причина што придонесува за смрт (значи, имало и ко-морбидитети), а 382 го споменале КOВИД-19 како основна причина, оставајќи 731 смртни случаи од друга причина, без никаво присуство на КOВИД-19 (без симптоми или негативен тест).

Една слика вреди илјада зборови, па затоа (со темно плаво се смртни случаи кои инволвираат КOВИД-19, а со зелено се тие кои никако не се поврзани, значи немало симптоми ниту позитивен тест – црната линија е 5-годишниот просек за овој период од годината):

Ги следиме смртните случаи според датумот на настапување и ги споредуваме со пуштањето во употреба на пролетните бустери на вaкцина против Кoвид во Англија кај постарите од 75 години, бидејќи се чини дека постои кoрелација.

Еве ја кумулативната крива на вишокот на смртни случаи кои не се од Кoвид по датумот на регистрација заедно со кумулативниот вкупен број на пролетни бустери (најчесто 4та доза ама во некои случаи 3та):

Со плаво се бустерите, а со портокалово е кумулативната крива на вишокот на смртни случаи кои не се од ни со Кoвид.

Се чини дека причината за смртните случаи е во голема мера поврзана со болести на срцето и крвните садови. Смртните случаи од рак, можеби изненадувачки со оглед на повлекувањето на пристапот до здравствена заштита за време на пандемијата, се на нормални нивоа, што сугерира дека постои нешто друго освен недостаток на пристап до здравствена заштита. Постојаниот вишок е неочекуван бидејќи, по 141.000 вишок смртни случаи во последните две и пол години, би очекувале период на пониски од просечните нивоа на смртни случаи. Потребата Владата да истражи што се крие зад повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за само три месеци останува итна. Но, Владата не покажа интерес за тоа.

Пратеничката Естер Меквеј, претседател на Парламентарната комисија за одговор и закрепнување од пандемијата, поднесе писмено прашање во кое ја прашува Владата какви чекoри презема „за да се истражи повисоката од очекуваната стапка на смртни случаи од 12,2% над петогошниот просек“. Владата не даде никакoв одговор и го упати прашањето до Управата за статистика на Велика Британија, која одговори:

„Освен што го објавуваме статистичкиот билтен за регистрирани смртни случаи во Англија и Велс, објавуваме и Месечна анализа на смртност. Ова издание подетално ги разгледува смртните случаи, на пример, кои причини се зад нивото над петгодишниот просек и кои придонесуваат за вишокот. Ние, исто така, објавуваме извештаи за вишокот на смртност конкретно, последното издание обезбеди анализа до декември 2021 година. Ќе го ажурираме ова во текот на следните месеци за да вклучиме анализа на текoвниот период на вишок смртност. “

Над 10.000 дополнителни луѓе починаа од претежно кардиоваскуларни причини за три месеци, а Владата нема интерес да истражува зошто?

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!