оксфорд студија пцp тест

СТУДИЈА ОД OKCФОРД ПОКАЖУВА ДЕКА ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПOЗИТИBHИTE НА ПЦP TECTОТ ВООПШТО НЕ ГО ПРЕНЕСУВААТ BИPУCOT

Откако веќе 2 години се форсираше приказната дека и асимптоматските случаи го пренесуваат кoрона вируcот, сега и самиот Оксфорд преку својата најнова научна студија, покажува дека дури една третина од луѓето позитивни на ПЦР тестот воопшто не го пренесуваат вирусот, пренесува британски Телеграф.

Третина од луѓето позитивни на ПЦP тестовите за кoвид 19 не биле заразни и не требало да се самоизолираат, покажува новата студија.

Истражувањето кое го предводеа адакемици од Универзитетот во Оксфорд открива дека многу лаборатории во Велика Британија ги поставуавле границите за позитивност на тестот многу ниско, што значи дека биле регистрирани како позитивни и лица кои “не претставувале опасност за никого”.

По барањето за слободен пристап до информации, кое беше упатено до Националната Здравствена Служба (NHS) на Велика Британија, се покажа дека се користат различни прагови на граничниот циклус, односно не постојат владини прописи за истото.

Д-р Том Џеферсон, коавтор и епидемиолог во Центарот за медицина заснована на докази при Универзитетот во Оксфорд, рече: “Откривме дека од прилика една третина од луѓето кои се изолирале, веројатно не морало да бидат изолирани”.

“ПЦP позитивниот тест значи дека морате да им кажете на луѓето да идат во изолација и, во суштина да ги уништат своите животи, иако во огромен број овие случаи не биле заразни”.

“Тоа е апсолутен хаос. Се чини дека целосната регулација околу овие тестови е лажна,” додава тој.

Професорот Карл Хенеган, директор на Центарот за медицина заснована на докази при Универзитетот во Оксфорд, пак, ќе рече: “Тоа е навистина загружувачко. Кога повеќе вируcи циркулираат во заедницата, потенцијалот за контаминација е поголем. Студиите покажаа дека луѓето може лесно да се контаминираат со вируcен фрагмент.”

“Проблемот е што паниката поради пaндемијата значеше дека развивме политики со брзина која никогаш порано не е видена и дури не ги ни погледнавме за да откриеме дали тие се засновани на некакви докази.”

“Точно да се знае кој е заразен е неверојатно важно за луѓето кои вршат секојдневни активности, се занимаваат со економијата, нашите социјални животи и нашата благосостојба. Влијанието на економијата сега повторно ‘се враќа дома’ и јасно е дека не можеме да си дозволиме да ги изолираме луѓето,” завршува директорот на Центарот за медицина заснована на докази при Универзитетот во Оксфорд.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!