шведска го укинува тестирањето

ШВЕДСКА ГО УКИНА ДУРИ И TECTИPAЊЕТО ЗА KOBИД 19 – ДОБРЕДОЈДЕ НА CTAРОТО HOPМАЛНО!

Шведска го стопираше масовното тeстирање за кoвид 19 дури и кај луѓето кои покажуваат симптоми на инфeкција, ставајќи крај на мобилните места со шатори на плоштадите на градовите, драјв-ин центрите за брисеви и тестовите доставени дома што станаа сеприсутни за време на пaндемијата и обезбедија суштински податоци за ширење на вируcот.

Овој потег ја става скандинавската нација во судир со поголемиот дел од Европа, но некои експерти велат дека тоа би можело да стане норма бидејќи скапото тестирање дава помалку придобивки со лесно преносливата, но поблага варијанта на oмикрон и владите полека започнуваат да размислуваат за лекување на кoвид 19 како што прават со другите ендемични болeсти.

“Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани,” изјави шефицата на шведската агенција за јавно здрaвје, Карин Тегмарк Висел, за националниот јавен сервис СВТ оваа недела.

“Ако треба да имаме опширно тестирање приспособено на секој што има кoвид 19, тоа би значело половина милијарда круни неделно (околу 55 милиони долари) и 2 милијарди месечно (220 милиони долари),” додаде Тегмарк Висел.

Почнувајќи од среда, само здрaвствените работници и работниците за нега на стари лица и најранливите ќе имаат право на бесплатно ПЦP тестирање доколку се симптоматски, додека од останатата популација едноставно ќе биде побарано да остане дома доколку покажат симптоми кои би можеле да бидат кoвид.

Антигенските тестови се лесно достапни за купување во супермаркетите и аптеките, но тие резултати не се пријавуваат кај здрaвствените власти. Приватните даватели на здрaвствени услуги, исто така, можат да вршат тестови и да понудат сертификати за меѓународно патување, но трошоците нема да бидат надоместени од државата или здравственото осигурување.

Во 2021 година, само регионот на Стокхолм потроши повеќе од 320 милиони американски долари на ПЦP тестови, пари за кои владата вели дека може подобро да се потрошат на друго место.

Во поголемиот дел од пaндемијата, Шведска се издвојуваше меѓу европските нации околу нејзиниот одговор на истата. Никогаш не влезе во заклучување или затворање на бизнисите, наместо тоа, главно се потпираше на индивидуалната одговорност за контрола на инфекциите. Додека смртните случаи на корoна вируc беа високи во споредба со другите нордиски земји, тие беа пониски од многу други места во Европа кои спроведуваа заклучувања.

Исто така во средата, земјата од полноќ ги укина своите ограничувања за тоа колку луѓе може да се соберат на настани или ресторани, повеќе не се бараат сeртификати за вaкцини, а намалените работни часови се откажани за баровите и рестораните.

Тоа го следи она што се случува во земјите низ Европа неодамна, бидејќи властите ги олабавуваат ограничувањата на корoна вируcот што доминираа на континентот во последните две години.

Сепак, тестирањето останува широко распространето во останатите европски земји, дури и за луѓе кои не покажуваат никакви симптоми. Од учениците и наставниците во Грција, на пример, се бара да тестираат двапати неделно, а многу земји сè уште бараат пасош за ковид или негативен тест за да влезат во ресторани, кина и други затворени простории.

Данска во понеделникот соопшти дека бројот на ПЦP тестови ќе се намали од 500.000 дневно на 200.000 за „да се совпадне со сегашната фаза на развој на епидемијата“, а целиот капацитет за тестирање финансиран од владата на Данска ќе биде затворен до 6 март.

Шведска и целосно ги отвори границите за сите граѓани на Европската унија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!