филипче календар

СВЕСНИ СТЕ КАКОВ “ФАШИЗАМ” НАЈАВИ ВЧЕРА МИНИСТЕРОТ, А СИТЕ ТОА ДОБРО ГО СКРИЈА?! ФИЛИПЧЕ: “БИ НАПРАВИЛЕ ОВАА BAKЦИHA ДА ВЛЕЗЕ ВО КАЛЕНДАРОТ И ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА СИТЕ!”

Се чини дека пораките, односно плановите кои доаѓаат од владејачките елити најпрвин се секогаш претставени во една завиена форма, суптилни, скриени, но сепак, на еден чуден начин, и јавно соопштени.

Вчера, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со сопругата на полскиот претседател и сопругата на претседателот Пендаровски во Институтот за трансфузиона медицина, го изјави следното:

„Сѐ уште нема земја, ниту има препорака од некоја меѓународна институција оваа вакцина да стане задолжителна и да влезе во календарот. Тоа е нешто што кога би се случило, а искрено верувам дека е еден од начините да се излезе од кризата следната година, ние би го направиле, но, засега нема такви препораки, така што правиме и следиме примери што ги имплементираат различни земји во светот“, рече Филипче.

Дали воопштно некаде на друго место ја видовте оваа вест?! Можеби како дел од некој целосен текст околу изјавите на министерот, редови кои сигурно сте ги прочитале, но несомнено не сте прочитале меѓу нив. А деталите се токму таму.

Минатата година никоја земја не ни помислуваше да воведе ковид-сертификати, па сега тоа е стандард во речиси 90% од земјите на планетава, минатата година никоја земја не ни помислуваше на трета и четврта доза, а сега се говори и за петта, шеста, односно за доживотно вакцинирање.

Така и овојпат, засега нема збор околу задолжителна вакцинација за сите (како, на пример, ДиТеПер или морбили), но тоа полека започнува да се заговара во некои земји, како на пример, Австрија, па нема да чуди доколку многу скоро тоа биде ставено на дневен ред и кај нас.

Не знаеме само колку повеќе некој би бил исклучен од општествениот живот од што е тоа случај сега, но знаеме дека се подготвтени на сѐ.

Сепак, се чини дека овојпат и оние што се противат на новиот “фашизам” се подготвени на сѐ…

Проследете ја оваа вест до сите, проследете ја за да бидеме подготвени, затоа што кога еднаш вакво нешто ќе биде кажано јавно, значи дека веројатно е веќе решено, но исто така и не заборавајте, вашиот глас ќе биде слушнат само доколку одекне толку силно, толку силно што ќе стигне до и оние кои не сакаат вие да кажете било што…

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom